Мираковска: Полноправното членство во ЕУ е најдобро решение за земјоделците

“Многу важно на овие избори да се заокружи бројот 3, да се гласа за коалицијата „Можеме“ бидејќи најдоброто решение за сите земјоделски производители е нашата држава да стане членка на Европската Унија каде што има високи субвенции и голема поддршка за агросекторот“, порача Соња Мираковска, потпретседателка на НСДП и носителка на листата за пратеници од коалицијата „Можеме“ во четвртата изборна единица, која денес посети производител на цвеќиња во село Колешино, општина Ново Село.

Производителот на цвеќе Спасе Костадинов, информираше дека по првичниот удар на корона кризата врз оваа земјоделска гранка се случило пресврт, велејќи дека одеднаш луѓето почнале да купуваат се повеќе цвеќиња, што го вратило оптимизмот на производителите.

-Искрено и со мене беше тоа случај, не пропуштив да насадам цвеќе во дворот и на балконите. Има некоја вистина во тоа што го кажува Костадинов и среќа во несреќа е што тоа ги ублажи проблемите со пласманот на цвеќињата на овие наши вредни производители. Имено, производството на цвеќе кај нас е претежно семеен бизнис и последниве неколку години тоа е производство кое бележи развој со поддршка од ресорното министерство – изјави Мираковска.

При посетата стана збор и за условите за стопанисување во државата, особено набавката на квалитетно семе и садници кои се од увоз и за поддршката од страна на државата.

„Најнапред се подготвува во МЗШВ мерка за помош на производителите на цвеќе, кои со писмо се обратија до ресорното министерство. Потоа тука се редовната поддршка како и можноста за аплицирање за европските фондови преку Мерка 7 од ИПАРД програмата. Секако соработката на производителите и Владата ќе продолжи и натаму, бидејќи можеме и подобро“,рече Мираковска.

Најново

Тито Петковски: Барањето на ДУИ премиер да биде Албанец е обид Зоран Заев да се делегитимира, но и обид да се воведе друг општествен систем

Петковски: Најголемите придобивки од Охридскиот рамковен договор се мирот, стабилноста, да нема воени дејствија

Петковски: Политичките партии коишто учествуваа на изборите мора да најдат начин како во рок од тие 20 дена да се конституира Собранието, односно да ги почнат на време своите преговори

ОБРАЌАЊЕ НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ МИСОВСКИ НА СВЕЧЕНОТО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 2 АВГУСТ – ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА

Потпретседателот на Собранието г.Мисовски положи свежо цвеќе во знак на почит и сеќавање на жртвите од катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП