Мираковска од Дојран: Ќе создадеме зелен и европски туризам

Дојран е нашата врата во ЕУ, тој ќе биде едне од приоритетите на идната влада, ќе создадеме реални претпоставки за развој на зелен и европски туризам во Северна Македонија, изјави Соња Мираковска при денешната посета на Дојран.  

„Во последните години се направија многу приватни капацитети, државата ќе се погрижи да ги обезбеди сите неопходни инфраструктурни објекти за да може да продолжи со развојот, за да направиме високо професионален туризам, кој ќе донесе многу европски туристи овде“, рече Мираковска.

Потпреседателката на НСДП и носителка на коалцијата „Можеме“ во четвртата изборна единица, ја посети и новизградената спортска сала, која ги задоволува највисоките светски стандарди.

„Посветено и осмислено инвестираме во изградба на спортски сали. Но тоа го правиме со план. Не ни требаат преплатени фудбалски игралишта кои за три месеци стануваат запустени ливади“, порача Мираквоска.

Најново

Трајковски: НСДП ќе се бори за независно судство кое ќе може да ја контролира извршната власт

Мисовски: Од оваа влада стечајците добија социјална сигурност, од претходната–пендрек!

Мираковска: Развојна и конкурентна економија фокусирана на младите

Мираковска: Просечна плата од 34 000 денари, минимална од 20 000 денари и повисоки пензии

Мисовски: Изборот е за богатење на врхушката во ДПМНЕ или за економија која ќе даде шанси на младите

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП