Мисовски: Гласот за „Можеме“ е глас за реален раст на платите и пензиите

29 јуни, 2020
Кандидатот за пратеник од НСДП во првата изборна единица, Горан Мисовски денес во рамки на своите предизборни активности имаше средба со жителите на населбата Капиштец, општина Центар.

Мисовски истакна дека коалицијата „Можеме“ има формулирано економски политики кои ќе доведат до реален раст на платите и пензиите, со што ќе се покаже грижа за сите граѓани.

„Изборната програма е мозаик на вредности кои го поставува исправниот пат за развој на Северна Македонија, по кој сите задно ќе продолжеме“, порача Мисовски на жителите на оваа скопска општина, притоа поделувајќи промотивен материјал и заштитни маски.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство