НСДП: Повисоки и стабилни плати за работниците

29 јуни, 2020

Интегрален транскрипт од изјавата на портпаралот на Централниот изборен штаб на НСДП, Владимир Трајковски:

Нова социјалдемократка партија од секогаш била и останува на страна на средната класа, на работникот, на страна на сите оние кои кои се обидуваат да обезбедат пристоен живот за себе и своите семејства само со помош на својот труд, образование, вештини.

Веруваме во можноста за намалување на се поголемите раслојувања меѓу богатите и сиромашните преку политики кои ќе доведат до унапредување на работните односи и пазарот на трудот.

Реализирањето на нашите цели за повисоки, и пред се, стабилни плати за работниците како и за социјална сигурност на нивните семејства го гледаме преку понатамошно зголемување на опфатот на прогресивното оданочување, со што богатите ќе плаќаат повисоки даноци, како и  преку потребата за подигнување на нивото на минималната плата.

НСДП се залага за трансформирање на пазарот на трудот, што би опфатило промени во работното законодавство и тоа преку модел во кој работникот добива право на учество во профотот, во добивката, но и обврска за прифаќање на ризикот во случај на загуба во работењето на компанијата.

Достоинството на работникот и гарантирањето на неговите материјално- егзистенцијални права поврзани со плати, придонеси, престанок на работниот однос, прераспределување на работни места и слично не смеат да бидат маргинализирни и забошотени.

Во пракса, токму овие предмети низ судските лавиринти носеа горчливи трауми за работниците и нивните семејства и затоа НСДП во идната Влада, формирана од Коалицијата МОЖЕМЕ, ќе се заложи за издвојување на судските постапки поврзани со работните односи преку формирање на специјализирани одделенија во постојните судови, со што споровите од работните односи ќе се решаваат побрзо и поефикасно.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство