Мисовски: Искрена поддршка за спортот и младите

28 јуни, 2020

Потретседателот на НСДП и кандидат за пратеник во првата изборна едница, Горан Мисовски денеска во Кисела Вода имаше средба со претставници на спортски здруженија и клубови од оваа скопска општина.

Зборувајќи за состојбите со спортот во змјава и потребата за негова поддршка, Мисовски се  осврна на периодот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, кога финансиски средства беа насочувани во изградба на споменици.

„За споменикот на Никола Карев пред Собранието, беше распишан тендер од 5 милиони денари за да бида лиен во мермер, но беа исплатени 45 милиони денари за леење од бронза. Не ли е подобро тие 40 милиони денари да биле инвестирани во спортот“, рече Мисовски, додавајќи дека е потребно да се има искрени намери кога се вложува во спортот и младите, а не од една страна преку пропаганда да се замајуваат граѓанита, а од друга страна да се перат пари.

Мисовски ги повика присутните на претстојните избори да ги ценат програмите и својот глас да го дадат за онаа коалиција или политичка партија која има подобра програма.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство