НСДП: Изборната кампања да биде политички натпревар на идеи и програми

Соопштение за медиумите и јавноста:

На првиот ден од изборната кампања на предвремените парламентарни избори кои треба  доведат до политичка влада со полн легитимитет, НСДП упатува апел до сите учесници во изборниот процес да го спроведат во фер и демократска атмосфера, исполнет со политички натпревар на идеи и програми. Овие избори ги дочекуваме како држава членка на НАТО и пред отворање на поглавјата со ЕУ, што не обврзува да спроведеме изборен процес кој нема да отстапува од западните демократии.

Сите заедно да се обидеме да обезбедиме коректна политичка кампања, да дадеме се од себе за да го покажеме најдоброто, најуспешното, најквалитетното. Да не дозволиме да заборавиме дека партиите треба да  се натпреваруваат во идеи и програми, а не во дискредитации и омаловажувања, бидејќи целта ни е иста-подобар живот на македонскиот граѓанин.

Да не бидеме непријатели туку конкуренти во политички натпревар чиј единствен посакуван резултат треба да биде општиот напредок и просперитет. Да се издигнеме над постојаните делби, пакости, меѓусебни деградирање и да се потсетиме дека има смисла борбата за основните човечки вредности-вистина, правда и чесност.

Да постигнеме цивилизациски напредок во демократското созревање на нацијата и во правењето исчекор кон западно европските вредности. Тоа е борба на сите нас, за граѓаните, за Северна Македонија.

Имајќи ја во предвид пандемијата со корона вирусот, НСДП воедно апелира и до сите учесници во изборниот процес, членови или симпатизери на политички партии, до граѓаните, строго да ги почитуваат владините препораки и протоколи за заштита и спречување на ширење на корна вирусот. Да не се дозволи предизборната кампања да прерасне во епидемиолошка критична ситуација која ќе доведе до загрозување на здравјето на граѓаните.

Најново

ОБРАЌАЊЕ НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ МИСОВСКИ НА СВЕЧЕНОТО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 2 АВГУСТ – ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА

Потпретседателот на Собранието г.Мисовски положи свежо цвеќе во знак на почит и сеќавање на жртвите од катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година

Министерката Апостолска дел од делегација на Владата положија цвеќе на Споменикот на жртвите од земјотресот кој го погоди Скопје во 1963 година.

ОБРАЌАЊЕ НА Г. ГОРАН МИСОВСКИ, ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО, НА ТЕМА „ИЗГЛЕДИТЕ НА РЕГИОНАЛНАТА СОРАБОТКА ПО ПАНДЕМИЈАТА: ВРЕМЕ НА ПОГОЛЕМА ИНТЕГРАЦИЈА?“

НСДП до граѓаните: Излезете на 15 јули и учествувајте во носењето на големата одлука да продолжиме напред

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП