Неопходно е брзо одржување на парламентарни избори

Соопштение за медиумите и јавноста:

Што побрзо одржување на парламентарните избори во Северна Македонија е неопходно. Од уставно-правен аспект неодржлива е политичка ситуација во која повеќе од три месеци Владата како ностител на извршаната власт раководи со државата без контрола од законодавната власт.

Северна Македонија се има определено за парламентарна демократија со дефинирани правни мехамизни за контрола и баланс помеѓу носителите на извршната, законодавната и судската власт, кои во овие моменти не функционираат.

Со прогласувањето на вонредната состојба и нејзиното продолжување, во ситуација кога Собранието е распуштено и не постои реална политичка волја за истото да биде повторно свикано, граѓаните се оставени без своите институционални претставници кои треба да ја контролираат работата на извршанат власт и на тој начин доведувајќи го во прашање целокупниот легитимитет на политичките процеси кои се одвиваат во државата.

Од аспект на принципите на парламентарната демократија за една држва не е прифатливо да се остави во ситуација во која никој не ја контролриа работата на Владата. Изборите во најкраткиот можен рок потребно е да го пополнат овој институционален вакум.

Вонсититуционалното одлучување за суштинските политички прашања на лидерски средби на најголемите политички партии е пракса која и покрај својата проблематичност од демократски и репрезентативен аспкет продолжува да се спроведува во Северна Македонија. Наместо институционално моделирање на важните политички одлуки, во Северна Македонија веќе повеќе години искусуваме договорна држава во која одлуките се кристалираат на вонсиституиционали лидерски средби.

Во контекст на одредувањето на датум за претстојните парламентарни избори, со цел почитување на законски дефинираните процеси за нивно одржување, потребно е Државната изборна комисија по завршување на вонредната состојба да продолжи со изборните дејства од онаму какде што застана на 22 март и датумот на изборите да произлезе согласно законски утврдените рокови, а не од политички договор на лидерска средба.

Потребата за почитување на законската регулатива во поглед на датумот за избори дополнително се нагласува ако се знае дека на лидерската средба учествува и Христијан Мицкоски, претседател на најголемата опозициска партија кој позади себе нема ниту еден парламентарен изборен циклус од кој би црпел политички легитимитет за да застапува интереси на дел од граѓаните на лидерски средби на кои се зборува за парламетнарни избори.

Најново

ОБРАЌАЊЕ НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ МИСОВСКИ НА СВЕЧЕНОТО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 2 АВГУСТ – ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА

Потпретседателот на Собранието г.Мисовски положи свежо цвеќе во знак на почит и сеќавање на жртвите од катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година

Министерката Апостолска дел од делегација на Владата положија цвеќе на Споменикот на жртвите од земјотресот кој го погоди Скопје во 1963 година.

ОБРАЌАЊЕ НА Г. ГОРАН МИСОВСКИ, ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО, НА ТЕМА „ИЗГЛЕДИТЕ НА РЕГИОНАЛНАТА СОРАБОТКА ПО ПАНДЕМИЈАТА: ВРЕМЕ НА ПОГОЛЕМА ИНТЕГРАЦИЈА?“

НСДП до граѓаните: Излезете на 15 јули и учествувајте во носењето на големата одлука да продолжиме напред

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП