ВМРО-ДПМНЕ преку својот министер во МВР прави сѐ за да ги пролонгира изборите

Соопштение за медиумите и јавноста:

Последните настани поврзани со организирањето на прослава за Денот на полицијаците и масовниот верски настан во Струга зборуваат дека ВМРО-ДПМНЕ во духот „колку полошо за државата, толку подобро за партијата“, преку својот министер за внатрешни работи се обидуваат и по цена на здравјето на граѓаните да креираат атмосфера која ќе доведе до дополнително продолжување на вонредната состојба, а со тоа и на можниот термин за одржувањето на предвремените парламентарни избори.

Создавањето во јавноста на атмосфера на игнорирање и непочитување на препоракитe на Владата за сузбивање на коронавирусот, во ситуација кога истите несомнено покажаа резулат, од страна на припадници на министерство кое е под директна контрола на Христијан Мицкоски, ја разоткрива подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ да го жртвува и здравјето на граѓаните ако тоа може да значи максимално можно пролонгирање на денот на својот изборен пораз.

НСДП сака само да го потсети раководството на ВМРО-ДПМНЕ на пораката која до пред извесно време ја испраќаа до своите сопартијци – „со секој поминат ден со оваа власт Македонија ја има сѐ помалку?“

Дали Мицкоски останува на оваа порака или пак во меѓувреме го промени мислењето?

Најново

🎥📞 ПЕТКОВСКИ: КАКВА ЛИДЕРСКА СРЕДБА, КАКВИ ЛИДЕРИ – НЕ МОЖЕ ТОА ДА БИДЕ СУПСТИТУТ НА СОБРАНИЕТО

Неопходно е брзо одржување на парламентарни избори

ПЕТКОВСКИ: ЧЕСТИТ 9-ТИ МАЈ, ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ

Претседателот Петковски во „Слободна зона“ со Георги Коритаров на ТВ Европа на тема: Има ли социјалдемократско решение за проблемите меѓу Софија и Скопје?

НСДП им го честита на граѓаните 1 Мај-Меѓународниот ден на трудот

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП