НСДП им го честита на граѓаните 1 Мај-Меѓународниот ден на трудот

НСДП на сите граѓани на Република Северна Македонија им го честита 1 Мај- Меѓународниот ден на трудот, притоа изразувајќи желби за понатамошно зајакнување на свеста за потребата за градење на хуман пристап кон работникот, кон унапредување на неговите права и подобрување на социјалната положба.  

Остварувањето на овие цели станува уште понагласено во ситуација во која економските и социјалните темели на општеството се под удар на пандемијата од корона вирусот, во која повеќе од потребно е зачувување и зајакнување на механизмите на социјалната држава за испорачување на конкретен дорпинос за социјалната сигурноста во областа на работните односи и пазарот на труд. 

Овој турбулентен економски и социјален период треба да ни биде дополнителна мотивација за промовирање и заштита на интересите на работниците, со цел да се зачуваат и надоградат позитивните резултати  остварени со владините политики, а кои значат подобрена социјална и економска сигурност за работникот.

Покачувањето на минималната плата од 9.000 на 14.500 денари, на просечната нето палта на ниво од 27 206 денари,  заживеаниот социјален дијалог, програмите за надоградба на вештините и квалификациите на работниците според потребите на пазарот на труд,  отворањето на над 67.000 нови работни места, се само мал дел од резултатите кои директно помогнаа во зголемувањето на работничките интереси и права, притоа обезбедувајќи  сигурност во областа на работните односи и пазарот на труд.

Една од основните заложби на која НСДП останува во своето политичко делување во делот на унапредување на работните односи е вградувањето на моралните димензии во вреднувањето на трудот, препознавајќи и признавајќи ја неговата „капитална“ димензија втемелена во знаењето и вештините.  

Само преку надминување на конфликтот помеѓу трудот и капиталот ќе се зголеми продуктивноста и посветеноста на работното место од страна на работникот, ќе се унапреди користењето на средствата за работа и односот кон сопствениците на капиталот, односно ќе се надминат елементите на експлоатација и наемништво кои многу често знаат да ги оптеретуваат работните односи.

Најново

ОБРАЌАЊЕ НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ МИСОВСКИ НА СВЕЧЕНОТО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 2 АВГУСТ – ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА

Потпретседателот на Собранието г.Мисовски положи свежо цвеќе во знак на почит и сеќавање на жртвите од катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година

Министерката Апостолска дел од делегација на Владата положија цвеќе на Споменикот на жртвите од земјотресот кој го погоди Скопје во 1963 година.

ОБРАЌАЊЕ НА Г. ГОРАН МИСОВСКИ, ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО, НА ТЕМА „ИЗГЛЕДИТЕ НА РЕГИОНАЛНАТА СОРАБОТКА ПО ПАНДЕМИЈАТА: ВРЕМЕ НА ПОГОЛЕМА ИНТЕГРАЦИЈА?“

НСДП до граѓаните: Излезете на 15 јули и учествувајте во носењето на големата одлука да продолжиме напред

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП