Петковски за Слободен печат: Џафери има уставна обврска да го свика Собранието

Во интервју за Слободен печат поранешниот претседател на Собранието Тито Петковски вели дека не случајно во Уставот се предвидени само две ситуации за повторно свикување на парламентот, во услови на вонредна и на воена состојба.

Спикерот Талат Џафери, како што соопштија од неговиот кабинет, ја добил иницијативата за свикување на итна собраниска седница која ја поднесоа 35 пратеници.  Во меѓувреме во јавноста се слуша разногласие околу тоа дали Собранието може повторно да биде свикано или пак не, и дали тоа ќе биде според Устав и закон. Во интервју за Слободен печат поранешниот претседател на Собранието Тито Петковски вели дека не случајно во Уставот се предвидени само две ситуации за повторно свикување на парламентот, во услови на вонредна и на воена состојба.

Дали спикерот Џафери навистина, како што тврди во некои свои изјви, нема ниту уставна ниту законска можност повторно да го свика Собранието?

– Мислам дека спикерот Џафери, уште првиот пат при прогласувањето на вонредна состојба направи грешка што не го свика Собранието, иако според Уставот и шефот на државата го има тоа право. Тезата на претседателот на Собранието, дека еднаш распуштено Собрание не може повторно да се свика е погрешна од две основни причини. Првата е што во Уставот има норма која предвидува дека Собранието е во постојано заседавање, и втората е дека мандатот на пратенците завршува со изборот на новиот состав на Собранието. Уставот е дециден мандатот на пратениците истекува до изборот на новиот состав на Собранието и тоа е основот поради кој тој сеуште е претседател на Собрание, а пратениците се се уште пратеници со мандат во парламентот. Тоа значи дека овој собраниски состав се уште го има суверенитетот на граѓаните.

Прочитајте и…  Филипче: Расте бројот на излекувани пациенти, на Онкологија 8 вработени се позитивни на Ковид-19 (ВИДЕО)

Но сепак, спикерот во некои свои неодамнешни изјави тврди дека Уставот и законот не предвидуваат техничко Собрание и дека од моментот на донесената одлука дека е распуштено, Собранието нема мандат?

– Не дај Боже да имаме некоја претпоставка, дека некој сака да ѝ објави војна на Македонија. Тогаш прашувам во таква ситуација и во услови на повеќепартиски систем, кој ќе ја прогласи воената состојба во државата. Така што за мене не е спорно дека Собранието и во овие моменти може да се свика, бидејќи освен за потврдување на одлуките на претседателот на државата Пендаровски, станува збор и за вонредните предвремени парламентарни избори. Како што донесе Собранието одлука за распуштање, мислам дека истиот овој состав може и има право да ја промени својата одлука за денот на одржувањето на изборите и да определи нов датум.

Прочитајте и…  Вучиќ: Забраната за движење ќе важи и за овој викенд

Што доколку сепак не биде свикано Собранието и не биде одржана итната собранска седница како што бараат СДСМ и коалициските партнери, но и Беса, Алијансата, Алтернатива, независните пратенци и ДПА?

– Доколку Собранието не определи нов изборен датум тогаш изборните активности на Државната изборна комисија ќе почнат да течат од моментот на престанокот на вонредната состојба. ДИК веќе ги утврди листите на кандидати на политичките партии и од моментот на престанокот на воноредната состојба Државната изобрна комисија има прво веднаш да продолжи со подготовка на изборите. Роковите за одржување на предизобните активности почнуваат да течат.
На иницијативата не се потпишаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, но и ДУИ од чии редови е и спикерот Џафери.

Што мислите зошто не ја подржаа иницијативата за итна седница?

– Прочитав дека се плашеле од некои непредвидени одлуки што може Собранието во вакви вонредни услови да ги донесе, а би биле на штета на другите политичи партии кои се во опозиција. Но тоа претпоставувам дека нема да биде можно бидејќи во иницијативата јасно се наведени две точки на дневен ред. Првата е донесување на Закон за потврда на одлуката на претседателот на државта за проглсување на вонредна сотојба и втората е ставање во функција на Собранието поради изборни активности. Не станува збор за некои нови закони и уредби што би довеле во подредена ситуација пратенциите во опозиција. Сепак Уставот предвидува двотретинско мнозинство за такви закони. Ако тие не гласаат за една таква одлука, било ДУИ или ВМРО-ДПМНЕ, апсолутно нема да се донесе одлука за одобрување на вонредна состојба на претседателот. Две третини во Собранието нема без ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Прочитајте и…  Инфектологот Дидие Раулт: Ковид-19 би можел да биде „сезонска болест”

Дали и кога може да се очекува надминување на оваа ситуација наметната поради пандемијата од коронавирусот?

– Мислам дека во вакви услови кога никој не може да предивди кога ќе престне вонредната состојба на, 1 мај или на 1 септември, поприродно е Собранието да ги предвидува состојбите, а не Владата. Кој можеше да ја предивиди пандемијта? Да не заборавиме, ВМРО-ДПМНЕ побара предвремени избори поднесувајќи иницијатива до Собранието. Сега се говори дека не сакале избори. Тие губат, бидејќи со несвикувањето на парламентот, оваа Влада ќе продолжи да ги уредува работите наместо Собранието.

Најново

🎥📞 ПЕТКОВСКИ: КАКВА ЛИДЕРСКА СРЕДБА, КАКВИ ЛИДЕРИ – НЕ МОЖЕ ТОА ДА БИДЕ СУПСТИТУТ НА СОБРАНИЕТО

Неопходно е брзо одржување на парламентарни избори

ПЕТКОВСКИ: ЧЕСТИТ 9-ТИ МАЈ, ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ

ВМРО-ДПМНЕ преку својот министер во МВР прави сѐ за да ги пролонгира изборите

Претседателот Петковски во „Слободна зона“ со Георги Коритаров на ТВ Европа на тема: Има ли социјалдемократско решение за проблемите меѓу Софија и Скопје?

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП