Мираковска и Тодоровска учествуваа на он-лајн дебата: „Зајакнување на капацитетите на локалната самоуправа за справување со семејно насилство во услови на пандемија“

23 април, 2020

Потпретседателката на НСДП, Соња Мираковска и Претседателката на Организацијата на жени на НСДП, Марија Тодоровска учествуваа на он-лајн дебата: „Зајакнување на капацитетите на локалната самоуправа за справување со семејно насилство во услови на пандемија“

– Стапката на семејно насилство расте во повеќе земји во светот како последица на мерките за самоизолација што се преземаат за справување со ширењето на корона вирусот. Во еден ваков период кога има ограничено движење и намален пристап до сервиси за поддршка на жртвите на семејно насилство, клучна улога имаат локалните самоуправи, констатираа учесниците на денешната онлајн дебата „Зајакнување на капацитетите на локалната самоуправа за справување со семејно насилство во услови на пандемија“.

Дебатата беше иницирана од УНДП, ЗЕЛС и UN Women и на неа учествуваа над 30 претставници од над 15 општини, како и претставници од Министерството за труд и социјална политика.

Извршната директорка на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство Елена Димушевска ја истакна улогата на општините во информирањето на граѓаните и потенцијалните жртви за начините на пријавување на семејното насилство. Таа посочи дека имаат испратено барање до Владата за итни мерки за заштита на жените и децата жртви на семејно насилство.

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека жртвите на семејно насилство имаат на располагање повеќе места каде би можеле да се обратат. Еден таков сервис е националната бесплатна мобилна СОС линија која обезбедува 24-часовна поддршка.

Државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика Јована Тренчевска апелираше да се пријави семејното насилство до најблиската полициска станица или центар за социјална работа, независно од тоа дали е или не полициски час.

Според генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, многу потенцијални жртви на родово базирано насилство се принудени да бидат „затворени“ заедно со насилниците, додека истовремено е намалена достапноста на услугите за поддршка на жртвите.

На онлајн дебатата беа идентификувани и активностите и мерките што ќе се преземат во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“ финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и спроведуван од УНДП во 24 општини. Очекувањата се дека проектот ќе обзебеди размена на информации со општините за начините на пријавување на семејно насилтво и ќе овозможи обука на општинските кадри за тоа како да се справуваат со случаите на семејно и родово насилство.

Превземено од libertas.mk: Општините имаат важна улога во справувањето со семејното насилство во услови на пандемија

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство