Најбогатата партија во Европа ВМРО-ДПМНЕ да пренасочи дел од богатството за поддршка на здравството и економијата

Соопштение за медиумите и јавноста:

Во овие тешки моменти пред кои сме исправени како општество и држава како резултат на пандемијата на корона вирусот, императивно станува политичките партии во своето секојдневно однесување и истапување во јавност да покажат одговорност и конструктивност, како и доверба во мерките кои надлежните институции ги спроведуваат за нејзино сузбивање. Овие два елементи се најзначајните компоненти за успешно справување и надминување на кризата. Граѓаните и институциите се наоѓаат во ситуација која бара солидарност, разбирање и взаемна помош. Секоја политичка партија, секој актер на политичката сцена, има висока социјална одговорност да пронајде можност и начин да им помогне на граѓаните и државата.

Наместо препознавање на суштинското значање на овие работи, некои политички партии продолжуваат со своето неодговорно и недржавничко однесување, делувајќи деструктивно, често пати и со елементи на кривчно дело . Овде предначи ВМРО-ДПМНЕ, која конечно сфати дека битката на следните парламентарни избори нема да се води на теми поврзани со НАТО, ЕУ или пак промената на името на државата, туку фокусот ќе биде на начинот со кој институциите се справуваат со овој „непријател“, кој не ја поштеди и нашата држава, притоа заканувајќи се да остави катастрофални последици врз целокупното општество.

Како што многу добронамерни компании и граѓани во овие моменти покажуваат висока социјална солидарност и преку свои донации даваат конкретен допринос за ублажување на последиците, ВМРО-ДПМНЕ како најбогата политичка партија во Европа, со имот вреден над 60 милиони евра, може да го следи нивниот пример и да насочи дел од своето богатство за набавка на опрема која е неопходна на здравствените институции во овие моменти. Доколку се искрени во своите декларативни намери, им стои на располагање и конкретна можност да пренасочат дел од десетиците милиони евра кои ги однесе нивниот почесен претседател во Будимпешта и истите да се искористат за ублажување на економските последици.

Ова е прво и последно обраќање во јавноста на НСДП додека трае вонредната состојба. Пристојноста налага доколку не сте во можност да помогнете да молчите.

Најново

ОБРАЌАЊЕ НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ МИСОВСКИ НА СВЕЧЕНОТО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 2 АВГУСТ – ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА

Потпретседателот на Собранието г.Мисовски положи свежо цвеќе во знак на почит и сеќавање на жртвите од катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година

Министерката Апостолска дел од делегација на Владата положија цвеќе на Споменикот на жртвите од земјотресот кој го погоди Скопје во 1963 година.

ОБРАЌАЊЕ НА Г. ГОРАН МИСОВСКИ, ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО, НА ТЕМА „ИЗГЛЕДИТЕ НА РЕГИОНАЛНАТА СОРАБОТКА ПО ПАНДЕМИЈАТА: ВРЕМЕ НА ПОГОЛЕМА ИНТЕГРАЦИЈА?“

НСДП до граѓаните: Излезете на 15 јули и учествувајте во носењето на големата одлука да продолжиме напред

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП