Тешките политички одлуки вродија со плод, граѓаните стануваат Европјани

Соопштение за медиумите и јавноста:

НСДП ја поздравува вчерашната одлука на Советот за општи работи на ЕУ да се започнат преговори со Северна Македонија и истата ја оценува како највисоко признание за трудот и напорите кои неколку генерации ги направија за да добиеме институционално функционална држава, втемелена во демократијата и владеењето на правото.

Тешките политички одлуки кои го трасираа патот на реализирање на националните стратегиски интереси за полноправоно членство во НАТО и ЕУ вродија со плод, граѓаните добија безбедност и сигурност, политичка стабилност исполнета со силни перспективи за економска благосостојба.

НСДП на секој граѓанин на Република Северна Македонија му го честитат овој историски успех со кој стануваме Европјани.

Воедно, овој чин нека биде и дополнителен мотив за оптимизам и ентузијазам во овие тешки моменти кои како општество ги пребродуваме со борбата со ширењето на корана вирусот.

Најново

Уредба со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес

Здрaвјето на граѓаните е на прво место и така ќе постапуваме

Продолжуваме со длабоки реформи во правосудството, ефикасно прочистување на судии и обвинители

Мираковска од коалиција „Можеме“: Близу 6 милијарди евра на располагање преку членството во ЕУ и НАТО

Горан Мисовски и Соња Мираковска кандидати за пратеници од НСДП

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП