Министерката Апостолска во посета на компанијата „ВИК груп“ – За над 5000 лица е зголемен бројот на вработени во компаниите кои работат во ТИР зоните

26 февруари, 2020

Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за економски прашања, Мила Царовска и министерката за странски инвестиции Зорица Апостолска денес ја посетија „ВИК груп“, компанија со германски капитал која во технолошко-индустриската развојна зона во с. Алинци, Прилеп во 2018 година започна со изградба на фабрика за производство на електрични апарати наменети за употреба во домаќинствата.

Од страна на вицепремиерката Царовска и министерката Апостолска беше оценето дека интензивната динамика на реализирање на инвестицискиот проект на „ВИК Груп“ и воведувањето на нови производствени линии, со проектирани инвестиции од над 15 милиони евра и долгорочни планови за дополнителни вложувања, зборува за успешните економски политики на Владата и нејзината две и пол годишна посветеност на стабилизирање и зајакнување на деловниот амбиент.

Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска потенцираше дека Владините мерки за поттикнување на нови инвестиции од домашни и странски компании и нивен понатамошен раст и развој, даваат одлични резултати, при што нагласи дека во изминатите две и пол години бројот на вработени во компаниите кои работат во технолошко индустриските развојни зони се зголемил за над 5000 лица, односно од околу 8000 вработени во 2017 година, бројот на вработени во компаниите кои функционираат во ТИРЗ сега изнесува 13.900 лица.

„Компанијата ВИК груп е една од компаниите кои се вклучени во процесот на усогласувањето на образованието за потребите на пазарот на трудот. Во генерацијата на ученици кои се запишани во 2019 година во програмата за дуално образование во земјата се вклучени 135 ученици, дел од тие кои изведуваат практична настава во самите компании и навистина се обидуваме заедно со стопанските комори оваа програма да ја прошириме и да даде добри резултати. Заедно со стопанските комори, се обидуваме да ги стимулираме сите поголеми компании, кои имаат и реални услови да се вклучат во програмата за учење преку работа и да вклучат што поголем број на ученици уште во средното образование“, нагласи вицепремиерката Царовска

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство