Мираковска од коалиција „Можеме“: Близу 6 милијарди евра на располагање преку членството во ЕУ и НАТО

13.03.2020 Прес- конференција, Соња Мираковска, потпретседателка на НСДП, од коалицијата „Можеме“

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Република Северена Македонија денес го живее долгогодишниот сон, како земја членка на НАТО, најголeмиот безбедносен сојуз во светот.

По долги години чекање пред вратите на Алијансата, за само 2,5 години успеавме да бидеме со најголемите, најсилните, најразвиените држави.

Се посветивме нашата земја да ја вратиме на патот на ЕУ и НАТО интеграциите, да биде почитувана и ценета како основни предуслови за побрз развој на економијата и подобар животен стандард.

Вчера и покрај кризата со вирусот , Сенатот на Шпанија одлучи на 17 март да одржи пленарна седница со една единствена точка на дневен ред Ратификација на Пристапниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО!

Нема веќе опасност од закани за менување граници, несигурност и нестабилност. Владата предводена од СДСМ и коалицијата, успеа да ја внесе државата во НАТО и конечно како 30та земја членка да стане безбедна држава со загарантиран територијален интегритет и сигурни граници.

НАТО значи сигурна иднина за сите нас, за нашите деца, но значи и брз економски развој, поголеми инвестиции.

Со влезот на Република Северна Македонија, добиваме пристап до фондови вредни 4 милијарди евра годишно.

Дополнително, нашите компании ќе влезат на пазар од 500 милиони жители, што отвора огромен потенцијал за раст, развој, нови работни места и поголеми плати.

Влеговме во НАТО – можеме и во ЕУ!

Извесен е почетокот на преговори со Европската Унија со што ја европеизираме Република Северна Македонија и го создаваме уште подобро, уште посилно, уште постабилно општество.

До крајот на новиот мандат до 2024 година, ќе отвориме 80 отсто од поглавјата за интеграција во Европската Унија.

Преку европските фондови обезбедуваме 2 милијарди евра за нашата држава во годините коишто претстојат пред нас.

Тоа се повеќе пари за поддршка на земјоделството, за нови обновливи извори на енергија, зелена агенда, капитални инвестиции, изградба на патишта, канализација, водовод, чиста животна средина, чист воздух…Ова се средства што ќе обезбедат европски стандарди во Република Северна Македонија.

Само во последните месеци добивме грант неповратни средства од 13 милиони евра за интерконекторот за гас помеѓу нашата земја и Република Грција, долг 68 километри.

5 милиони евра добивме неповратни средства за граничниот премин, за железничкиот премин и патот околу граничниот премин Табановце.

28 милиони евра добивме грант неповратни средства од ЕУ за патот Скопје- Блаце, плус 50 милиони евра добивме награда за успешно спроведени реформи и 17 милиони евра за развој на регионот Преспа.

Тоа се европски пари за европски стандард дома.

Затоа и по победата на 12 април продолжуваме заедно со граѓаните на вистинскиот пат, патот на интеграциите.

Нема враќање назад кон изолација, одиме напред.

Можеме! Уште повеќе, уште подобро!

Најново

Тешките политички одлуки вродија со плод, граѓаните стануваат Европјани

Уредба со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес

Здрaвјето на граѓаните е на прво место и така ќе постапуваме

Продолжуваме со длабоки реформи во правосудството, ефикасно прочистување на судии и обвинители

Горан Мисовски и Соња Мираковска кандидати за пратеници од НСДП

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП