Горан Мисовски и Соња Мираковска кандидати за пратеници од НСДП

Соопштение за медиумите и јавноста:

НСДП донесе одлука за продолжување на соработката со досегашните коалициски партнери и заеднички настап на претстојните предвремени парламентарни избори. НСДП цени дека стартешките интереси на државата на патот за заокружување на евро-атланските интеграции, продолжувањето на реформите на правниот систем и започнатите економски политики кои водат кон подобрување на животниот стандар на граѓаните на Северна Македонија бараат концентрирање на прогресивните политички сили во земјава и нивен заеднички настап на претстојните парламентарни избори.

НСДП ги утврди кандидатите за пратеници за заедничките коалициски листи. Потпретседателот на партијата Горан Мисовски ќе се најде на петото место на коалициската кандидатска листа во првата изборна единица, додека пак потпретседателката Соња Мираковса на второто место во четвратата изборна единица.

НСДП ја усвои и предизборната програма на партијата во која се утврдени приоритетите и определбите кои ќе бидат промовирани и застапувани во предизборниот и постизборниот период на политичката сцена. Тргнувајќи од социјалдемократијата како темелна и трајна идеолошка определба се утврдени неколку програмски приортети, на кои ќе се даде фокус во изборната капања од страна на партијата. Во оваа насока, НСДП ја реафирма потеребата за револуционерни и темелни промени во сферата на работните односи кои ќе бидат насочени кон изедначување на капиталот и трудот, по принципот – заеднички профит од успехот и заеднички ризици од неуспехот. Образованието и науката, здравствството и културата во својата програма НСДП ги препознава како врвни национални приоритети, чие унапредување и квалитет се клучни претпоставки за општество на благосостојба и изгардба на општествени капацитети за одговор на предизвиците кои ги поставува глобализираниот свет во дваесет и првиот век.

Најново

Тешките политички одлуки вродија со плод, граѓаните стануваат Европјани

Уредба со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес

Здрaвјето на граѓаните е на прво место и така ќе постапуваме

Продолжуваме со длабоки реформи во правосудството, ефикасно прочистување на судии и обвинители

Мираковска од коалиција „Можеме“: Близу 6 милијарди евра на располагање преку членството во ЕУ и НАТО

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП