Мираковска: Стравот и паниката во ВМРО-ДПМНЕ кулминираат, Мицкоски не успеа да ги изврши наредбите на шефот од Будимпешта

Прес-конференција на потпретседателката на НСДП, Соња Мираковска:

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

 

Во ВМРО-ДПМНЕ стравот и паниката од одговорност кулминираат.

 

Последен доказ за тоа е денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ против правдата и одговорноста.

 

Христијан Мицкоски не успеа да ги изврши наредбите од неговиот шеф во Будимпешта Никола Груевски. ВМРО-ДПМНЕ не успеа во Собранието да го закочи процесот на носење на Законот за јавно обвинителство.

 

Со Законот се обезбедува еднаквост пред правдата, силно независно правосудство и одговорност од секој кој сторил криминал.

 

И тоа нетреба никого да го плаши. Напротив, сите оние кои се залагаат за правда вистински, а не декларативно, треба да бидат свесни дека со носење на сетот закони од правосудството, на правосудниот систем му ги обезбедивме сите неопходни алатки за да може брзо и ефикасно да се дојде до правда, еднаква за сите граѓани.

 

Токму против тоа ќе протестираат денеска Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

 

Очигледно дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува со старите навики за вршење притисоци врз судството и бегање од правдата и одговорноста.

 

Затоа нивниот денешен протест во најмала рака е лицемерен, ако се борат за правда нивните борци кои впрочем беа најгласни против Законот за јавнобвинителство, а против дел од нив се покренати обвиненија, требаше да инсистираат на судски постапки низ кои ќе ја докажат својата невиност, а не да изнаоѓаат безброј начини за одлагање на постапките со цел да застарат предметите.

 

Ниту Мицковски, ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту било кој друг неможат повеќе да ја спречат правдата и секој таков обид ќе биде неуспешен.

 

Сега се судовите на потег и никој нетреба да се меша во нивната работа. Секој кој се огрешил пред законот ќе одговара.

Најново

🎥📞 ПЕТКОВСКИ: КАКВА ЛИДЕРСКА СРЕДБА, КАКВИ ЛИДЕРИ – НЕ МОЖЕ ТОА ДА БИДЕ СУПСТИТУТ НА СОБРАНИЕТО

Неопходно е брзо одржување на парламентарни избори

ПЕТКОВСКИ: ЧЕСТИТ 9-ТИ МАЈ, ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ

ВМРО-ДПМНЕ преку својот министер во МВР прави сѐ за да ги пролонгира изборите

Претседателот Петковски во „Слободна зона“ со Георги Коритаров на ТВ Европа на тема: Има ли социјалдемократско решение за проблемите меѓу Софија и Скопје?

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП