МИСОВСКИ: СО НОСЕЊЕ НА СЕТОТ ЗАКОНИ ПРАТИВМЕ ПОРАКА – ИЗВАДЕТЕ ГИ ПРЕДМЕТИТЕ ОД ФИОКА, ПРЕЗЕМЕТЕ ОДГОВОРНОСТ И СУДИТЕ СОГЛАСНО ЗАКОНИТЕ

Потпретседателот на НСДП, Горан Мисовски, гостин во Утрински брифинг на СЛОБОДНА ТВ.

image

– Успешно го завршивме мандатот. Ако се вратиме три години наназад и погледнеме каде бевме, особено на 27 април, кога според СЈО и отворениот предмет, дел од структурите на ВМРО-ДПМНЕ организираа обид за упад и тоа се случи, каде таргет беа пратениците, особено Заев, и се работеше за класичен обид за убиство.

– Сето тоа го направија за пусти пари. Само за да го зачуваат кеѓот и капиталот. За разлика од пред три години во последниот извештај за напредокот на Северна Македонија, Собранието има најдобра оцека. Тоа говори се, изјави Горан Мисовски, потпретседател на Собранието.

– Не само амбасадорката на САД, туку и од целата меѓународна заедница добиваме позитивни сигнали дека ова парламентарно мнозинство и оваа Влада знае да ги менаџира процесите. Со одредени потешкотии успеавме. Сето она што го побара ЕУ, вклучително и САД, ние направивме.

– Ги донесовме сетот од Закони за правосудството, законот за Судскиот совет, Законот за ЈО, за Советот на ЈО, значи дадовме една шанса на правосудниот систем , пред се обвинителите и судиите да се чуствуваат безбедни од дупките кои и тоа како успешно обвинетите и нивните адвокати ги користеа за да се одложи завршницата и предметите да добијат позитивен крај.

– Со носење на овие заони ја пративме пораката – извадете ги предметите од фиока, преземете одговорност и судите согласно законите, изјави за Утрински брифинг, Мисовски.

Најново

🎥📞 ПЕТКОВСКИ: КАКВА ЛИДЕРСКА СРЕДБА, КАКВИ ЛИДЕРИ – НЕ МОЖЕ ТОА ДА БИДЕ СУПСТИТУТ НА СОБРАНИЕТО

Неопходно е брзо одржување на парламентарни избори

ПЕТКОВСКИ: ЧЕСТИТ 9-ТИ МАЈ, ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ

ВМРО-ДПМНЕ преку својот министер во МВР прави сѐ за да ги пролонгира изборите

Претседателот Петковски во „Слободна зона“ со Георги Коритаров на ТВ Европа на тема: Има ли социјалдемократско решение за проблемите меѓу Софија и Скопје?

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП