МИСОВСКИ – КРАБАЛ: РАЗЛИЧНОСТА Е НАША ДЕВИЗА

Потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Горан Мисовски денеска оствари средба со Делегација предводена од Жан Крабал, парламентарен генерален секретар на Франкофонијата.

На средбата покрај потпретседателот Мисовски, беа присутни и Панче Иванов, претседател на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Француската Република и Цветанка Иванова, генерална секретарка на Собранието. А во состав на Франкофонската делегација беа Жан-Шарл Луперто, белгиски пратеник и шеф на Мисијата Европа на Парламентарното Собрание на Франкофонијата (ПСФ), Емануел Мори, административен генерален секретар на ПСФ и Фатмир Леци, советник во Мисијата Европа, мрежа на жени парламентарки на ПСФ.

Потпретседателот Мисовски, истакна дека Собранието веќе 19 години има силни пријателски врски со Франкофонијата и тие врски се историски и културни, а францускиот јазик и мисла се составен дел од нашето секојдневие.

Тој посочи дека како држава полека ги остваруваме аспирациите кон НАТО-алијансата и Европската Унија, и го реафирмираше ставот и заедничкиот заклучок на лидерите на сите политички партии дека друг тип на аспирација освен полноправно членство во Унијата, не се прифатливи. Пораката е примена, ќе работиме позабрзано на реформите, нешто што е наша потреба и очекуваме позитивна одлука на следниот Самит.

Крабал кој е во посета на Балканските земји, рече дека ги разбира нашите грижи, но тука е во улога на генерален секретар на меѓународна организација на Франкофонијата. Тој посочи дека храброста е за поздравување, кога сте ставени пред тешки предизвици битно е да се исткае мрежа кон дијалог и компромис, а ние токму тоа сме го направиле.

Крабал сподели дека Франкофонијата се заснова на два столба: францускиот јазик и демократијата и мирот, а во опсег се земјите кои не се членки на ЕУ. Парламентарното Собрание на Франкофонијата не се меша во внатрешните работи на една држава, а целта на ова посета е редиминизација на францускиот јазик колективно во Регионот.

Белгискиот пратеник, Луперто истакна дека државата е одличен ученик во Франкофонијата, тука е за да ја поттикне амбицијата кон изучувањето на францускиот јазик, Северна Македонија да биде локомотива на Франкофонијата во овој регион, кое би можело да биде добра порта за влез во Унијата.

Емануел Мори ја сподели загриженоста за местото што го има францускиот јазик моментално во образованието, не именувањето на нови членови од министерствата во Националната комисија на Франкофонијата од 2007, како и немањето на официјален документ за јазично партнерство за долгорочно изучување на францускиот јазик, по примерот на соседна Албанија.

На крајот од средбата, тој ја искажа подготвеноста за соработка преку одредени програми за изучување на францускиот јазик за Службата и пратениците во Собранието.

Најново

Петковски за изборите и ратификацијата на протоколот за НАТО

ДРАГИ КРСТЕВ РЕИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НСДП-БИТОЛА

МИРАКОВСКА ДО МИЛОШОСКИ: СЕ ОБИДУВАТЕ ПРЕКУ УСТАВНИТЕ СУДИИ ДА ВИДИТЕ ДАЛИ СЕ УШТЕ ИМАТЕ ВЛИЈАНИЕ

Апостолска: Со цврсти законски гаранции ги олеснуваме и охрабруваме инвестициите на компаниите во технолошко унапредување и отворање на нови работни места

Апостолска: Компаниите ја препознаa поддршката на Владата, се реализираат нови инвестиции

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП