ИЗБОРНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ОО НА НСДП-КИЧЕВО

11 ноември, 2019

На ден 10 ноември 2019 година во хотелот Арабела во Кичево се одржа Изборна конференција на Општинската организација на НСДП во Кичево на која беа избрани Претседател на ОО, Извршен одбор и Надзорен одбор.

За претседател е избран г-дин Борче Петковски, како и 8 членови на Извршниот одбор и 3 на Надзорниот одбор на општинската организација на НСДП во Кичево.

Покрај делегатите на конференцијата присуствуваше и претседателот на НСДП, Тито Петковски и секретарот на партијата, Кристијан Трајковски.

Претседателот Петковски имаше поздравно обраќање до делегатите во кое ја поздрави работата на општинската организација и им посака уште поплодна работа и успеси во иднина. Исто така се осврна на актуелната политичка ситуација во државата и предизвиците пред кои сме исправени во идниот период. Истакна дека НСДП е спремна за следните предвремени парламентарни избори кои треба да се одржат напролет, формиран е Централниот изборен штаб кој ќе го води секретарот Трајковски и во тек е формирањето на општинските изборни штабови.

Претседаетлот Петковски ги информираше присутните делегати дека тој ќе го предводи тимот кој ќе ја подготви Програмата за парламентарните избори 2020 година и дека сме отворени за сите корисни предлози и идеи кои ќе ја збогатат истата и ќе произлезат од реалните потреби на граѓаните и интересните групи кои се во фокусот на делувањето на НСДП.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство