ТАМАРА БААРА: Декларацијата за фер избори да биде основа за начинот на функционирање на помладоците во текот на целата изборна кампањa

tamara

Обраќање на Тамара Баара, претседател на НСДМ на Иницијативата за потпишување на Декларацијата за фер и демократски избори меѓу политичките подмладоци:
 
Почитувани претставници на ОХРИД ИНСТИТУТОТ, почитувани претставници на младинските организации, почитувани гости.
Најпрво би сакала да го изразам задоволството од поканата за учество на НСДМ за потпишување на Декларација за фер плеј на престојните претседателски и предвремени парламентарни избори. Воедно го пренесувам поздравот од нашата политичка партија и нејзиното највисоко раководство, како и од младинската организација на НСДП.
Искрено жалам што слична ваква иницијатива поднесена во март 2012 година не беше потпишана од страна на политичките подмладоци кои беа и се денес на власт, а истата беше иницирана од повеќе политички подмладоци.
Иако ваквите иницијативи не треба декларативно да се потпишуваат непосредно пред изборите, туку истите треба да бидат детално разработени и промовирани како основно правило за фер политички натпревар и тоа не само во изборниот циклус туку и воопшто во политичкото дејствување.
НСДМ и јас како нејзин претседател со моето присуство овде ја покажуваме и докажуваме нашата подршка кон оваа декларација и воедно упатуваме апел оваа иницијатива да не остане само едно парче хартија кое ќе биде заборавено по нејзиното потпишување, туку да биде основа за начинот на функционирање на помладоците во текот на целата изборна кампања.
НСДМ не дозволува искористување на младите во прљави политички игри, затоа што ние имаме своја Младинска програма, која што соодветно ја презентираме на младите. Преку нашите пратеници иницираме значајни теми од политичкиот живот, како проблемот со иселувањето на младите и земањето на бугарски државјанства. Постојано укажуваме на фер однесување како на терен, така и преку промоцијата на младинската политика на социјалните мрежи, без употреба на говор на омраза.
Во тој контекст сакам да предложам формирање на координативно тело кое ќе го сочинуваат претставници од сите политички подмладоци кое ќе има за задача на денот на изборите и во текот на целата изборна кампања, преку своите матични партии да влијае врз отстранување на сите инциденти и неправилности кои може и ќе се појават во текот на изборниот процес.
Пред  да завршам би сакла да се потсетиме на немилите настани од претходните избори како што се: гласачите од Пустец, заканите и притисоците врз граѓаните, купувањето на гласови, групно гласање, гласање на починати лица, лица кои не се во државата и уште многу други настани кои што сакам да останат засекогаш во минатото.
На крајот би сакала уште еднаш да потврдам дека НСДМ, како и досега, во текот на целокупното делување како и во изборната кампања ќе се заложуваме за фер и демократско дејствување. Се прашувам дали Република Македонија има клаустрофобија од фер и демократски избори и се надевам дека оваа теза ќе ми биде побиена по завршувањето на тековните избори.
Ви благодарам!
tamara grupna

Најново

АДСДП доби 2 награди за развој на претприемништво во Централна и Југоисточна Европа

Мисовски и Милковски на собраниската прослава на „8ми Март“

Министерката Апостолска се сретна со романскиот амбасадор Станила

Министерката Апостолска на „Средба за вмрежување помеѓу мултинационални и домашни компании“

Учество на министерката Апостолска на „Македонско-италијански бизнис форум 2019“

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП