Политичката социјализација како процес

Плурализмот ,тесен или широк, непосреден или пак со долгорочен интерес во кој поединецот и општествената група ,објективно и субјективно се идентификуваат во плурализмот и неговото функционирање на овој вид на општествено уредување во државава, веројатно за нас е мисловна именка. Политичката социјализација на сите кои се одлучија да се занимаваат со политика оди премногу бавно ,со чест на неколкумина кој што се извонредни но полека стануваат ендемски вид.

Политичката социјализација е сложен систем на дејствување на автономниот центар на свест, на поединци и општествени групи, како би се создала идеолошка матрица и визија за општествена интеграција, и се разбира прифатливо мултиетничко општество со сите права загарантирани за сите чинители на општествени функции.

Политичката социјализација е многу битна компонента на секој систем на владеење и управување со општите општествени функции. Без дејствување на сите оние бројни чинители кој се намерно или спонтано вклучени во процесот на политичка социјализација, особено во разрешување на конфликти, се разбира од било каков тип, нивно активно вклучување и поврзување со сите оние кои сакаат да помогнат во решавање на сите проблеми на сите нивоа на функционирање на власта, доколку го нема тоа, тогаш имаме нерешлив проблем ,или пропаѓање во жива кал.

За да политичките случувања во нашата земја се решат, нам ни се потребни сите расположливи интелектуалци и средства, ни требаат мудри одлуки, никакво скршнување ниту избрзани решенија , донесени во нервоза и афект, добро преспиените ноќи секогаш вреднуваат со плод. Политичката социјализација на политичарите воопшто не е лесна, таа мора да ги опфати не само постоечките консталации на власта,и нивниот интерес, туку и проектирачките можности на оние покриените, и демначи кој што чекаат во дебела сенка и решаваат како да нападнат во даден момент, нивната социјализација е нај битна. Со други зборови не е доволно да утврдиме кои интереси ќе бидат приоритетни, бидејќи оние позадинските веќе ни го ископале ровот. Инструментите за функционирање се кај нас, но сега ги префрливме и кај оние таканаречени космички функционери, барем за нас, е доколку космичките сили се придвижат на патот на правдината и правдата тогаш сме зрели за напредок, но доколку дува силна космичка прашина во нивните очи, тогаш сме на работ на агонијата.
Политичката социјализација на политичарите ,сега можеби најмногу треба да дојде до израз, формирајќи комплекс, свест на совесно функционирање на една држава.

*Веб-колумните објавени на сајтот на НСДП не секогаш ги одразуваат ставовите на партијата, туку личните погледи и ставови на колумнистите членови на НСДП

Најново

Тешките политички одлуки вродија со плод, граѓаните стануваат Европјани

Уредба со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес

Здрaвјето на граѓаните е на прво место и така ќе постапуваме

Продолжуваме со длабоки реформи во правосудството, ефикасно прочистување на судии и обвинители

Мираковска од коалиција „Можеме“: Близу 6 милијарди евра на располагање преку членството во ЕУ и НАТО

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП