НСДП смета дека се наоаѓаме во политички моментум кога е потребно да се демонстрира политичка волја правниот систем да се постави на цврсти и трајни решенија

Соопштение за медиумите и јавноста:

Во однос на тековните преговири помеѓу политичките партии од владејачкото мнозинство и опозицијата поврзани со Предлог-законот за јавното обвинителство, НСДП смета дека се наоаѓаме во политички моментум кога е потребно да се демонстрира политичка волја правниот систем да се постави на цврсти и трајни решенија.

Појдовната точка во поставувањето на законското решение за јавното обвинителство треба да биде рамката која ја поставува Уставот на Република Северна Македонија, која не дозволува хибридни решенија кои произлегуваат од политички калкулации. Само на овој начин можеме да добиеме јавно обвинителство кое ќе работи врз основа на високи професионални и морални стандарди,  имајќи висок степен на кредибилитет и независност во постапувањето како дел од правниот систем.

Фијаското на СЈО е само потврда дека решенијата кои се плод на политички пазарења и преговори, надвор од Уставот, не можат да бидат трајно одржливи и функционални во правниот поредок на државата. Постапаката за избор на државниот Јавен обвинител е уставно уредена, а за изборот на сите останати јавни обвинители одлучува Советот на јавни обвинители, како највисоко тело во јавно-обвинителскиот систем. Затоа НСДП смета дека персоналните решенија не треба да зависат од политички преговори или договори, туку во транспарентна и јавна постапка изборот за секоја позиција во јавното обвинителство да се темели на оценување на професионалните заслуги и високите етички и морални стандарди.

Добар пример за професионализмот и квалитетот на кандидатите да излезе во преден план е постапката за избор на членови на Антикорупциската комусија, која беше јавна и транспарентна.

Најново

🎥📞 ПЕТКОВСКИ: КАКВА ЛИДЕРСКА СРЕДБА, КАКВИ ЛИДЕРИ – НЕ МОЖЕ ТОА ДА БИДЕ СУПСТИТУТ НА СОБРАНИЕТО

Неопходно е брзо одржување на парламентарни избори

ПЕТКОВСКИ: ЧЕСТИТ 9-ТИ МАЈ, ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ

ВМРО-ДПМНЕ преку својот министер во МВР прави сѐ за да ги пролонгира изборите

Претседателот Петковски во „Слободна зона“ со Георги Коритаров на ТВ Европа на тема: Има ли социјалдемократско решение за проблемите меѓу Софија и Скопје?

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП