Чекајќи го Прометеј

Владимир Трајковски

Водството, односно способноста да се поттикнат луѓето, е трансакција на народот со историјата. Од античките времиња до денес угледни мислители ги сметале поединците само за пиони на “божествена” сила.

Толстоевиот роман “Војна и мир”  ни дава извонредни можности да ја потврдиме тезата.Зошто, се прашува Толстој , толпата од народ за време на војната со Наполеон ,негирајќи ѓи своите човечки чувства и разум ,се движела надолж и попреку во Европа убивајќи ги попатно своите соборци.

“Да, војна е, требало да дојде едноставно до тоа што морало да дојде” ,одговара Толстој. Војната била предодредена од севкупната историја, а  водачите, според  Толсто биле најизмамените личности од сите. Големите личности се само етиката која служи да и се даде име на некоја цел, а како што е случајот со етикетите,тие имаат многу мала бискост со настаните. Водачот,пишува Толстој, е “роб на историјата”.

Водачите постојано се во состојба да ја променат историјата во позтивина или негативна смисла. Тие се најодговорни за најстрашните злосторства во историјата, со кои се уништувало човештвото.

Стендал го очекувал признавањето за 100 години; Наполеон можел веднаш да се докаже, инаку ништо не би значел. Фројд со право го поставил владеењето заедно со образованието и спихоанализата во својот список со трите (невозможни) професии, на оние во кои “човекот претходно може да биде сигурен дека нема да постигне задоволувачки резултати”. Расравата за посебна и брза промена се води со години и векови.

Задачата на водството во демократските општества е да најде лек кој истовремено ќе дејствува и доведе до согласност. Големите водачи не поттикнуваат нас, останатите, да се издигнеме со своите можности, да бидеме активни, упорни и одлучни во афирмацијата на своите чувства. “Ние се потпираме на гените” пишува Емерсон “Големите луѓе постојат за да постојат уште поголеми луѓе”. Катастрофите може  да се спречат доколку водачите го слушаат тоа што го мислат нивните следбеници, исто толку внимателно како што следбениците ги слушаат своите водачи- и тоа е причина што демократското водење има во себе најголема надеж.

Јавното мислење е животен сок за демократијата, а слободните избори се крвни садови низ кои тој тече. Длабокиот расцел создава екстремно поделено општество во кое многу тешко можат да се вратат довербата и соработката, особено во едно изразито мултиетничко, мултирелигиозно или накусо, мултикултурно општество. Како да се воспостави подносливо владеење  на нашиот демос над самиот себе? Вистина е дека нема да постои никаква демократија ако се нема добра, силна ефикасна држава. Токму тоа и е потребно на Македонија. Недостигаат силни и ефикасни демократски структури, но и почитување на човековите права. Правилото некои да бидат водачи-лидери, а другите да ги следат, ги навредува демократијата и сваќањето за еднаквоста. Пренагласеноста на лидерството не е во согласност со демократското сфаќање дека власта е отров. Политичката нишка во демократијата ја потхранува зависноста кон супериорните личности. Настојувањата доктрината на водтството да се рехабилитира, често пати претставува напад на самата демократија. Историски гледано, теоријата на лидерството претставува оружје со кое мафтаат реакционерите против граѓанската демократија. Таа долготрајна демократска недоверливост кон теоријата на лидерството, го оживува зборот елитизам, како збор што означува злоупотреба.

Водачите се “факт” дека постои слобода на избор како наводна противтежа на историската условеност. Првиот херој е Прометеј кој им пркоси на боговите, им донесува оган на смртниците и им ја исполнува вољата за слобода наспроти боженствениот детерминизам. Зевс го казнува Прометеј, го заковува на карпата, а орелот му ја колва утробата. Уште оттогаш човештвото,слично на Прометеј, се бори против историската неизбежност.

Сепак, по примерот на Прометеј водачите докажуваат дека изборот навистина постои, бидејки се уште се бориме. На граѓаните секогаш им биле потребни големи лидери, а водачите и јазикот со кој тие се служат го одредуваат тонот на политиката.

*Веб-колумните објавени на сајтот на НСДП не секогаш ги одразуваат ставовите на партијата, туку личните погледи и ставови на колумнистите членови на НСДП

Најново

Апостолска: Создадовме деловна клима во која се повеќе компании реализираат реални инвестициски проекти

Апостолска: Владата ги поддржува компаниите да инвестираат и да создаваат нови и добро платени работни места

Трајковски, НСДП: Да видиме кој колку тежи

НСДП смета дека се наоаѓаме во политички моментум кога е потребно да се демонстрира политичка волја правниот систем да се постави на цврсти и трајни решенија

Апостолска пред Индустриската комора на Истанбул: Северна Македонија е атрактивна и стабилна инвестициска дестинација

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП