Апостолска: Преку активна поддршка на ИКТ секторот ослободуваме дополнителна економска вредност во стопанството

Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска денес оствари работна средба со претставници на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, при што беа презентирани измените и дополнувањата на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, со посебен фокус на проширувањето на опфатот и стимулативните можности кои се отвораат и за ИКТ секторот во земјава.

„Со измените на Законот за финансиска поддршка на инвестициите Владата настојува преку активни и комплементарни мерки да ја унапредува бизнис климата и во делот на ИКТ индустријата. Со проширувањето на опфатот на законот ги вклучивме и фирмите од информатичкиот сектор и активните политики на стимулирање на инвестициите ги прилагодивме на нивното се поголемото значење кое го имаат во меѓународните економски активности. Ефикасноста и ефективноста на компаниите, нивната конкурентост на меѓународните пазари зависи од степенот на подготвеност за интегрирање на информатичко-комуникациските технологии, токму затоа ИКТ секторот, неговиот развој, реализацијата на нови и иновативни софтверски продукти и услуги, станува значен фактор во испорачувањето на дополнителна економска вредност од страна на целокупното стопанство“, порача министерката Апостолска и ги повика присутните претставници на комората внимателно да ги разгледаат измените на Законот за финансиска поддршка на инвестициите и да ја прифатат подадената рака од Владата.

Министерката Апостолска истакна дека економијата е стабилизиранаи оди во нагорна линија, исполнета со предвидливо и стимулативно деловно опкружување кое дава позитивен импакт во реалното стопанство.

Преку проактивна дискусија, членките на МАСИТ имаа можност да си информираат за деталите и мерките од Законот за финансиска поддршка на инвестиции, како и да изразат ставови и да дадат сугестии во однос на истиот.

Најново

ИЗБОРНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИНА НА НСДП-ГАЗИ БАБА

Апостолска на бизнис форуми во Бурса и Истанбул: Стабилните и развојни економски параметри ја прават Северна Македонија атрактивна за нови инвестиции

ИЗБОРНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ОО НА НСДП-КИЧЕВО

СЕДНИЦА НА ЦЕНТРАЛНИОТ ОДБОР НА НСДП: ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР ТРАЈКОВСКИ ИЗБРАН ЗА ШЕФ НА ИЗБОРНИОТ ШТАБ ЗА ПРЕСТОЈНИТЕ ИЗБОРИ. ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕТКОВСКИ ЌЕ ГО ВОДИ ТИМОТ ЗА ПОДГОТОВКА НА ИЗБОРНАТА ПРОГРАМА

Апостолска пред романски компании од регионот Прахова: Политиките за поддршка на инвестициите ви обезбедуваат долгорочни и развојни економски перспективи во Северна Македонија

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП