Женската организација на НСДП жестоко ја осудува изјавата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

5 септември, 2019

Соопштение за медиумите и јавноста:

Женската организација на НСДП жестоко ја осудува изјавата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски со која на родова основа ја навреди и омаловажи новата министерка за финансии, Нина Ангеловска. Изнесените навреди на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ се сексистички , шовинистички и мизогени, својствени за припадници на политички центри кои својата идеолошка легитимација и позиционираност ја имаат вкоренето во мрачни и авторитарни вредносни системи, кои се во судир со модерните и демократски придобивки на политичкиот живот.

Ваквите изјави од претставници на политички партии претставуваат свесно и тендициозно поткопување на вредносните темели и општеството и внесување на родова дескриминација во политичкиот и јавниот живот.

Како држава која се стреми да биде дел од западната демократска заедница, политичката сцена не може да трпи вакви ликови кои закоравени во родови стереотипи ја омаловажуваат и ја дискриминираат вклученоста на жената во политичкиот живот. Обидите за јавни извинувања или дообјаснувања за некакво погрешно разбирање на јавно  и јасно изнесениот став на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ се само грчевити обиди за прикривање пред граѓаните на очигледно родово дискриминирачки позиции и визии вкоренети во оваа опозициска партија. Најмалку нешто што може да направи раководствато на оваа опозициска партија е да го повлече портпаролот Стоиловски и на тој начин, конкретно да ја демонстрира својата демократска и европска политичка определба.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство