Министерката Апостолска во посета на „Тетекс јарн“: Со измените на Законот за финансиска поддршка на инвестициите ослободуваме нов економски потенцијал во стопанството

Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска денес реализираше работна посета на компанијата „Тетекс јарн“ од Тетово, компанија со бугарски капитал која се занимава со производство на воленени предива и е потписник на Договор за доделување на државна помош, согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите, за реализирана капитална инвестиција во 2017 година.

Развојните планови на компанијата за реализација на нови инвестиции во проширување на производството, како и владините политики за поддршка на стопанството и измените на Законот за финансиска поддршка на инвестициите беа тема на разговор на министерката Апостолска со менаџментот на компанијата.

„Со последните измени за Законот за финансиска поддршка на инвестициите дополнително целиме кон ослободување на нов економски потенцијал во стопанството, за што го проширивме опфатот на компании кои може да се квалификуваат и ги поедноставивме административните процедури. Отворивме законски можности за дополнителни стимулации и за компаниите кои веќе имаат потпашно договори за финансиска поддршка “, порача министерката Апостолска на средбaта со менаџментот

Од страна на претставниците на компанијата, генералниот менаџер Петар Камбуров и директорот на производство, Сузана Манеска беше најавено дека ќе бидат искористени измените на Законот за финансика поддршка на инвестициите, а со цел добивање на дополнителна владина поддршка во развојот на производството и зајакнувањето на конкурентноста. Од нивна стана беа претставени и развојните планови за реализација на нови инвестиции во машини и проширување на производството, како и за зголемување на бројот на вработените и меѓународните пазари на кои се пласираат производите.

Министерката Апостолска посетата ја искористи и за обиколка на производствените погони, при што имаше можност непосредно да се запознае технолошкото ниво на компанијата и да поразговара со вработените.

Најново

Женската организација на НСДП жестоко ја осудува изјавата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Апостолска: Владата посветено работи на унапредување на бизнис климата

Апостолска: Владата го унапредува системот за поддршка на стопанството

Апостолска: Новата инвестиција на „Текспорт“ е доказ за реалните економски ефекти кои ги испорачува Законот за финансиска поддршка на инвестициите

ДЕЛЕГАЦИЈА НА НСДП ПО ПОВОД ДРЖАВНИОТ ПРАЗНИК „ИЛИНДЕН“ ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ НА МЕЧКИН КАМЕН

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП