Министерката Апостолска се сретна со полскиот амбасадор Тицињски

Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска денес оствари работна средба со амбасадорот на Република Полска во Република Северна Македонија, Војциех Тицињски.

Претставувајќи ги владините економски политики во делот на привлекување и стимулирање на нови странски инвестиции, министерката Апостолска истакна дека добрите политички односи помеѓу двете земји создаваат одлична подлога за унапредување на односите помеѓу двете бизнис заедници и понатамошно зајакнување на позитивниот тренд во трговските релации од почетокот на годинава, кои во периодот јануари-март бележат раст од 14,7% споредено со иститот период од минатата година.

„Посветеноста во реализацијата на стратегиските приоритети за полноправно членство во ЕУ и НАТО и активните економски политики кои Владата на Република Северна Македонија ги води, создаваат атрактивно деловно опкружување за отпочнување на нови инвестициски проекти. Согласно јасно поставени и достапни критеируми секој инвеститор од Полска може да ја очекува нашата конкретна поддршка за отворање на нови работни места, за воспоставување на соработка со домашните компании, отворање на центри за истражување и развој, за капитални инвестиции во нови машини и опрема“, рече министерката Апостолска.

Амбасадорот Тицињски на средбата истакна дека висок приоритет во наредниот период ќе биде понатамошно развивање на економските релации помеѓу двете земји, притоа изразувајќи подготвеност за вклучување во активно промовирање на можностите за инвестирање во Република Северна Македонија пред бизнис заедницата во Полска.

Најново

🎥📞 ПЕТКОВСКИ: КАКВА ЛИДЕРСКА СРЕДБА, КАКВИ ЛИДЕРИ – НЕ МОЖЕ ТОА ДА БИДЕ СУПСТИТУТ НА СОБРАНИЕТО

Неопходно е брзо одржување на парламентарни избори

ПЕТКОВСКИ: ЧЕСТИТ 9-ТИ МАЈ, ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ

ВМРО-ДПМНЕ преку својот министер во МВР прави сѐ за да ги пролонгира изборите

Претседателот Петковски во „Слободна зона“ со Георги Коритаров на ТВ Европа на тема: Има ли социјалдемократско решение за проблемите меѓу Софија и Скопје?

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП