Министерката Апостолска во посета на „Амфенол“ – Нови инвестиции и работни места во компанијата, Законот за финансиска поддршка на инвестициите дава резултати

Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска вчера ја посети американската компанија „Амфенол“ во Кочани, при што се сретна со дел од менаџментот и направи обиколка на производствените погони со цел да се запознае со инвестициските проекти кои се во тек, како и и со самиот производствен процес на жичани склопови кои наоѓаат широка примена во автомобилската индустрија.

„Амфенол“ е една од компаниите со кои Владата на Република Северна Македонија има потпишано Договор за финансиска поддршка за капитални инвестиции во нови машини и опреми, согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

На средбата со извршниот директор на компанијата Сашко Наков, министерката Апостолска беше информирана за тековните инвестиции, за проширувањето на производствените капацитети со нови машини кои во себе интегрираат современа технологија, како резултат на што се очекува да продолжи позитивниот тренд на раст на производството и отворањето на нови работни места. „Амфенол е одличен пример за имплементирањето на мерките од Законот за финансиска поддршка кои се насочени кон стимулирање на нови инвестициии и за тоа како тие се одразуваат позитивно врз отворањето на нови работни места и растот на производството, односно даваат позитивен импакт и на севкупниот извоз од земјава“, рече минисерката Апостолска, притоа истакнувајќи дека компанијата има големо значење за локалната економска динамика, со тоа што реализира инвестиции кои создаваат повисока додадена вредност и отвораат нови работни места испраќа охрабрувачка порака до граѓаните од истокот на земјава својата егзистенција да ја гледаат во Северна Македонија. М

инистерката Апсотолска изрази задоволство од тоа што како резултат на новиот инвестициски циклус менаџментот очекува бројот на вработените во компанијата од околу 1.700 да се искачи на околу 2500 вработени наредната година.

„Задоволни сме од соработката што ја имаме со Владата и поддршката на нашите активности и планови. Соработката е на повеќе полиња, покрај договорот исто така имаме поддршка во делот на уважување на Еуро1 сертификати за потекло во трети земји каде имаме извоз и хармонизација на некои царински стапки на исто ниво како и во ЕУ. Сите овие активности ни помагаат за реализација на развојот кој е евидентен во Анфенол Технолоџи Македонија“, рече Наков и дополни дека се надева на продолжување на соработката во иста насока, изразувајќи очекување дека во иднина ќе ги надминат плановите и со нови проекти кои претходно не биле планирани.

Министерката Апостолска беше информирана за грижата на компанијата за вработување на млад стручен кадар, за која цел веќе се спроведуваат програми со локалните образовни институции, како и за континуираната квалификација и доквалификација на вработените.

„Зајакнувањето на интеракцијата помеѓу образованието и стопанството, со цел да дојде до приближување на понудата и побарувачката на квалификувана работна сила, има фундаментално значење за кокурентноста на севкупното стопанство. Затоа како Влада посветено работиме на реализирање на проекти за дуално образовние и подигање на нивото на пракса во програмите за средно стручно образование, односно на учење преку изведување на практична работа во компаниите. Гледано на долг рок, во севкупниот образовен и едукативен процес континуирано се усогласуваат Програмите за образование, за доквалификација и преквалификација, следејќи го бизнис секторот како одговор на неговите потреби“, истакна министерката Апостолска.

Најново

Женската организација на НСДП жестоко ја осудува изјавата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Апостолска: Владата посветено работи на унапредување на бизнис климата

Апостолска: Владата го унапредува системот за поддршка на стопанството

Апостолска: Новата инвестиција на „Текспорт“ е доказ за реалните економски ефекти кои ги испорачува Законот за финансиска поддршка на инвестициите

ДЕЛЕГАЦИЈА НА НСДП ПО ПОВОД ДРЖАВНИОТ ПРАЗНИК „ИЛИНДЕН“ ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ НА МЕЧКИН КАМЕН

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП