НСДП го усвои Извештајот за претседателските избори, донесе одлука за внатрепартиски избори и изгради став за промена на изборниот модел за избор на пратеници

НСДП денес во Скопје одржа седница на Централниот одбор на која беше усвоен Извештајот на партијата за одржаните претседателски избори и донесе Одлука за распишување на внатрепартиски избори заради одржување на Конференции за избор на органи и носители на функции во општинските организации.

На седницата на Централниот одбор се отвори расправа и за изборниот модел во државата и се изгради став дека е потрбна понатамошна деморкатизацијата на политичките процеси во земјава и постигнување на поголем степен на репрезентативност на политичката сцена преку промена на постоечкиот пропорционален изборен модел со шест изборни единици.  НСДП е на ставот дека изборниот модел за избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија треба да се промени во насока на пропорционален изборен модел со една изборна единица, без изборен праг.

Имајќи во предвид високиот степен на политичка хетерогенсот на општеството, социјалната, културната, етничката, религионзната и јазичната разноликост на граѓаните на Република Северна Македонија, постоечкиот изборен модел испорачува резултати кои во доволен степен не ја репрезентатираат оваа хетерогеност во политичкиот простор. Се соочуваме со ситуација полотичката волја на граѓаните кои не ги поддржуваат најголемите политички партии во македонскиот и албанскиот блок да остане институционално не артикулирана, што зборува за демократска дефицитарност и намален степен на легитимите на политички елити. Постоечкиот изборен модел објективно ги фаворизира партиите со многубројно членство, а ги релативизира помалите политички партии независно од квалитетот на политичката програма и изборната понуда со која настапуваат пред граѓаните.

Тргнувајќи од оваа состојба НСДП како поддржувач на деморкатските процеси ги повикува сите политички паритии, и од власта и од опозицијата, да се вклучат во дебата и да ја разгледаат можноста за реформа на изборниот модел и на наредните редовни парламентарни избори, наредната година, сите политички партии, независно од нивната големина, да добијат институционална еднаква и фер шанса за вклучување во политичкиот натпревар. Во оваа насока, НСДП цени дека треба да се отвори и прашањето за промена и во начинот на пресметување на мандатите за во Собранието, односно за промена на Донтовата формула која фаворизирајќи ги големите политички партии остава голем број на гласови на граѓаните да останат парламентарно не артикулирани.

Најново

Женската организација на НСДП жестоко ја осудува изјавата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Апостолска: Владата посветено работи на унапредување на бизнис климата

Апостолска: Владата го унапредува системот за поддршка на стопанството

Апостолска: Новата инвестиција на „Текспорт“ е доказ за реалните економски ефекти кои ги испорачува Законот за финансиска поддршка на инвестициите

ДЕЛЕГАЦИЈА НА НСДП ПО ПОВОД ДРЖАВНИОТ ПРАЗНИК „ИЛИНДЕН“ ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ НА МЕЧКИН КАМЕН

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП