Министерката Апостолска пред словачки бизнисмени ги претстави поволностите за инвестирање во земјава

Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска денес во Владата на Република Северна Македонија прими бизнис делегација од Словачка предводена од Државниот секретар на министерството за надворешни и европски работи на Република Словачка, Лукаш Паризек и амбасадорот на Република Словачка во Република Северна Македонија, Хенрик Маркуш. Во рамки на посетата, пред делегацијата се претставија владините економски политики и можностите кои ги нудат мерките од Планот за економски раст за реализација на инвестиции во земјава.

Зборувајќи за економските политики и поддршката за реализација на нови инвестиции, министерката Апостолска истакна дека Владата овозможува значајна финансиска поддршка за компаниите преку транспарентни и јавно познати процедури, засновани на Планот за економски раст и Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

„Изградивме атрактивно и предвидливо деловно опкружување во кое, согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите, доколку одлучите да инвестирате во земјава може да сметате на конкретна финансиска поддршка за отворање на нови работни места, воспоставување на соработка со домашните компании, отворање на центри за истражување и развој, како и за капитални инвестиции во нови машини и опрема“, рече министерката Апостолска и притоа порача дека Владата на Република Северна Македонија стои на располагање за целосна институционална поддршка во развивањето и реализацијата на инвестициските проекти на било која странска компанија.

„Позитивните економски перспективи кои ви ги отвораме во земјава деновиве беа нотирани од страна на Агенцијата Фич, според која кредитниот рејтинг на Северна Македонија од ББ на премина на ББ+, со стабилен изглед. Потврда пристигна и од Конференцијата на ОН за трговија и развој, според која со раст од 260% на странските инвестиции во 2018 година нашата земја е регионален лидер“, рече министерката Апостолска.

Државниот секретар на министерството за надворешни и европски работи на Република Словачка, Лукаш Паризек во своето обраќање изрази задоволство што Владата на Република Северна Македонија посветено работи на реализација на стратегиските приоритети за полноправно членство во НАТО и ЕУ, притоа истакнувајќи дека се отвора голем простор за натамошно продлабочување на односите меѓу Северна Македонија и Словачка на економски основи, за зголемување на трговската размена и подигање на нивото на инвестиции помеѓу бизнис заедниците во двете земји.

Најново

Женската организација на НСДП жестоко ја осудува изјавата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Апостолска: Владата посветено работи на унапредување на бизнис климата

Апостолска: Владата го унапредува системот за поддршка на стопанството

Апостолска: Новата инвестиција на „Текспорт“ е доказ за реалните економски ефекти кои ги испорачува Законот за финансиска поддршка на инвестициите

ДЕЛЕГАЦИЈА НА НСДП ПО ПОВОД ДРЖАВНИОТ ПРАЗНИК „ИЛИНДЕН“ ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ НА МЕЧКИН КАМЕН

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП