ЗАМЕНИК-ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР МИКИ МИЛКОВСКИ СО СОБРАНИСКА СЛУЖБА ВО СТУДИСКА ПОСЕТА НА СЛОВЕНИЈА

Во организација на ДЦАФ и Собранието на Република Словенија од 20 до 22 мај 2019 година, а во духот на Меморандумот за соработка помеѓу Собранието на Република Северна Македонија и ДЦАФ, во Државниот збор на Република Словенија се одржа студиска посета на собраниската служба, предводена од заменик-генералниот секретар на Собранието на Република Северна Македонија, Мики Милковски, во рамки на Програмата за реформа на безбедносниот сектор 2017 – 2020 и Проектот за зајакнување на парламентарниот и независен надзор.

Заменик-генералниот секретар Милковски, во рамките на посетата, оствари средба со Иван Иванчиќ – заменик на генералниот секретар на Собранието на Република Словенија, на која беше разговарано за натамошна поблиска соработка меѓу службите на двата Парламента, како и унапредување и подобрување на парламентарните практики за парламентарниот и независен надзор.

Најново

Министерката Апостолска пред словачки бизнисмени ги претстави поволностите за инвестирање во земјава

Наместо предвремени избори во наредниот период треба жестока пресметка со корупцијата, криминалот, непотизмот, неодговорното однесување на носители на јавни функции и дополнително засилување на економскиот развој

Вицепремиерот Анѓушев и министерката Апостолска на средба со јапонска бизнис делегација – Република Северна Македонија би можела да биде порта за јапонските компании кон Европа

Шеста јавна дискусија за ,,Стратегијата за едно општество и интеркултурализам”: Да ги негуваме различностите и заедништвото уште од најмала возраст и да останеме посветени на обезбедување еднакви можности без разлика на етничка и национална припадност

Министерката Апостолска се сретна со шведскиот амбасадор Стефансон

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП