ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ДИРЕКТОРКАТА БОШКОВСКА-ЈАНКОВСКИ ЗА СТРАТЕШКИТЕ И ТЕКОВНИ АКТИВНОСТИ НА ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР

Прес конференција на Директорката на Централен регистар – Марија Бошковска-Јанковски:

На прес-конференцијата беа истакнати стратешките и тековните активности на Централниот Регистар и тоа:

– Континуирано подобрување на домашната деловна клима со цел да се даде дополнителен импулс и стимул на напорите на Владата на РСМ во полето на зголемување на домашни и странски инвестиции и севкупен раст на стопанството – Беше образложена можноста на физичките лица,  кои сакаат да основаат самостојно ДООЕЛ, ДОО и ТП без трошоци и регистрациони агенти, да поднесат пријава за упис преку Системот за е-регистрација на Централниот регистар

– Регионализација и регионално поврзување – активности насочени кон спроведувањето на Берлинскиот процес за Западен Балкан со цел на воспоставување на заеднички пазар во нашиот регион од кој директен бенефит ќе имаат компаниите со зголемувањето на нивниот пазар и извозните активности но, и привлекување на стратешки партнери во и вон регионот, како и пуштањето во употреба на Регионалниот бизнис регистар за Западен Балкан  BIFIDEX (Business and Financial Data Exchange).и

– Хармонизација на работењето на Централниот Регистар со ЕУ директивите за трговско право кое е нужно и неопходно во процесот и патот на нашата земја кон полноправно членство во Европската Унија. Централен регистар е полноправен член на работната група на Европската Асоцијација на Бизнис Регистри која работи на новата директива за трговско право и директивата за отворени податоци.

Во рамките на работната група на ЕБРА е формирана посебна подгрупа претставувана од страна на Регистрите од Италија, Холандија, Норвешка и Република Северна Македонија која ќе ги формулира заедничките укажувања на бизнис регистрите и ќе учествува во дијалогот со Европската Комисија

Директорката информираме и дека на Генералното собрание каде се гласаше за членови на новиот состав на извршниот одбор на Светската организација на корпоративни регистри, со гласачко тело од претставници на 62 земји членки, е избрана за член на ИО, како претставник на Централниот регистар.

Најново

Апостолска: Создадовме деловна клима во која се повеќе компании реализираат реални инвестициски проекти

Апостолска: Владата ги поддржува компаниите да инвестираат и да создаваат нови и добро платени работни места

Трајковски, НСДП: Да видиме кој колку тежи

НСДП смета дека се наоаѓаме во политички моментум кога е потребно да се демонстрира политичка волја правниот систем да се постави на цврсти и трајни решенија

Апостолска пред Индустриската комора на Истанбул: Северна Македонија е атрактивна и стабилна инвестициска дестинација

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП