Пендаровски и Заев во Охрид: На 5 мај да излезема масовно, да избереме претседател и градоначалник кои обезбедуваат европска иднина

3 мај, 2019

Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски и претседателот на СДСМ Зоран Заев на синоќешната трибина во Охрид повикаа граѓаните во недела, на 5 мај масовно да излезат, да го искористат правото на глас и да дадат поддршка за бројот три за да продолжи напредокот.

– Во недела да ја искористиме шансата да си ја обезбедиме сигурната и стабилна иднината. Со глас за број три добиваме гаранција дека груевзимот никогаш повеќе нема да ни се повотри. Го поразвиме на парламентарно ниво, го поразивме и на локално ниво, и време е да го поразиме и на претседателско ниво, за никогаш повеќе да не ни се повотри нов Иванов, да не ни се повтори режим, а Груевски да се врати во државата единство за отслужување казна затвор, порача Пендаровски.

Пендаровски истакана дека дополнително ќе се инетнзивира процесот на интеграција во НАТО и ЕУ, бидејќи какао што кажа, доказ за тоа е силната поддршка на нашите пријатели во светот, предводени од САД.

Претседателот Зоран Заев пред граѓаните повика на масовна излезеност на избори, затоа што граѓаните на Охрид освен претседател имаат можност да изберат и нов градоначалник кој ќе го продолжи напредокот и ќе ја предводи општината во интерес на сите граѓани.

– Да си ја сработиме работата бидејќи најголем дел од работите зависат само од нас. Концептот на Стево е концептот кој обединува, кој води напред кон ЕУ и НАТО, кон заедништо и напредок. Другата страна, само води борба за власт, не успеаја ниту да се оградат, ниту да се покаат ниту да се извинат за се она што го сторија во минатото. Луѓето што не се оградија од толчењето на државата и народот не може сега да бараат поддршка. Од другата страна, од страната на ВМРО-ДПМНЕ нема ништо, нула, ништо не понудија. Да излеземе масовно и да ја обезбедиме иднината. Заедно напред, порача претседателот Заев.

Претседателот Заев пред граѓаните ги истакна придобивките што туристичките места ги имаат со напредокот на интеграцииите во ЕУ и НАТО и ги повика граѓаните на Охрид да дадат масовна поддршка за кандидатот за градоначалник Константин Георгиевски бидејќи тој е гарант дека општината ќе продолжи да се развива како модерна европска општина и атрактивна туристичка дестинација за странските туристи.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство