Заев и Пендаровски во посета на комапнијата „Везе Шари“: Оваа компанија е успешен пример и големо охрабрување за нови идни инвестции

3 мај, 2019

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев заедно со кандидатот за Претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска беа во посета на реномираната домашна компанија, Везе Шари којашто се занимава со производство на јајца, на полутрајни сувомеснати производи и на биогас.

„Групацијата „Везе Шари“ е компанија којашто важи за еден успешен пример во земјоделскиот сектор, во делот на живинарството. Она што го видовме во текот на обиколката на објектите на групацијата, којашто освен со производство на јајца, се занимава и со производство на полутрајни сувомеснати производи и на биогас, е една компактна компанија, со заокружен процес на производство, која речиси 20 години инвестира и опстојува на домашните и странските пазари. Тоа, не охрабрува да продолжиме да креираме мерки и политики, со кои ќе создадеме поволни услови за примарното земјоделство и за преработувачката индустрија, како еден синџир којшто мора да функционира беспрекорно, за да имаме модерно и конкурентно земјоделско производство по европски терк“, порача претседателот Заев.

Претседателот Заев посочи дека за развој на земјоделството и стопанството исклучително е важно што компаниите се охрабруваат да инвестираат во проширување на производството.

„За да ги поттикнеме и да им помогнеме на овие компании, оваа година во Програмата за директни плаќања, Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, посебен акцент стави на мерките за живинарството. Ги зголемивме субвенциите за бројлери, за еднодневни пилиња и за несилки.. Дополнително, преку мерките од ИПАРД 2 Програмата и Програмата за рурален развој, овозможуваме финансиска помош за инвестиции во преработувачката индустрија и набавка на опрема, истакна претседателот Заев.

Во изјава за медиумуте, претседателот Заев рече дека преку континуираната и силна поддршка за земјоделството се создаваат услови да се гради силна економија која отвора шанси за сите.

„Со новиот претседател на државата, Стево Пендаровски кој денес е со нас, продолжуваме на патот до формално членство во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ, што ќе донесе нови инвестиции, раст на домашните фирми и нови работни места. Верувам за мотивацијата на оваа компанија ќе кажат и сопствениците колку се мотивирани за да продолжат со ова прекрасно производство коешто го произведуваат како наше домашно производство кое веќе е афирмирано на меѓународните пазари“ посочи  Заев.

Сопственикот на компанијата Везе Шари, Арбен Абдурахмани во својата изјава посочи дека по потпишувањето на Преспанскиот договор компанијата Везе Шари заедно со своите 7 партнери од дома и странство, охрабрени од политичката стабилизација на земјата донесоа одлука за нова инвестиција во висина од над 30 милиони евра, во производство на бројлерско месо, кланица, производство на сточна храна, целосен процес за производство, со што ќе се отворат околу 2000 нови работни места и компанијата ќе извезува пилешко месо за познатиот американски бренд KFC. Германскиот партнер на компанијата Семилер изрази задоволство од напредокот и посочи дека членството на земјата во НАТО и започнувањето на преговори со ЕУ е голем за успех за земјата и охрабрување за странските и домашните инвеститори да инвестираат во Република Северна Македонија.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство