НСДП ги повикува сите граѓани, независно од нивната политичка, етничка, верска, јазична или културна припадност, на 5 мај да излезат на гласање и да го поддржат Стево Пендаровски

Соопштение за медиумите и јавноста:

Повеќе од потребно е во овие историски моменти да имаме претседател на државата кој ќе ги штити итнересите на граѓаните, кој ќе биде искрен поддржувач на евро-атланските интеграции и вистински промотор на европските стандарди и вредности. Веќе две години одлучно чекориме кон ЕУ и НАТО, ослободени од политичките бремиња на историјата, на споровите со соседите, силно чекориме кон демократијата, владеењето на правото, економски напредок и социјална благосостојба.

Немаме простор за политички компромиси со иднината на државата. Неизвесноста и стравот да ги оставиме позади нас, да не дозволиме сенките од минатото, од владеењето на криминалот и корупцијата, од поделбите и конфликтите, повторно да надвиснат над нас и да не’ вратат назад во минатото.

НСДП ги повикува сите граѓани на Република Северна Македонија, независно од нивната политичка, етничка, верска, јазична или културна припадност, на 5 мај да излезат на гласање и да го поддржат Стево Пендаровски. Со изборот на Пендаровски ќе имаме претседател кој ќе не обединува, кој ќе поттикнува заедништво и меѓусебно разбирање, кој ќе ја сподели со нас одговорноста да се развива државата.

Во недела на гласачките места да демонстрираме цврста решеност да заокружиме една историска епоха на нашата држава, да ги затвориме дилемите за безбедноста и иднината на младите генарации, заедно да продолжиме напред да градиме силна, безбедна и економски напредна држава.

Најново

МИЛКОВСКИ НА СРЕДБА СО ДИРЕКТОРОТ НА НДИ ВАШИНГТОН ДЕРЕК МИЧЕЛ ЗА ДЕСЕТГОДИШНИОТ ПРОЕКТ МЕЃУ СОБРАНИЕТО И НДИ ЗА НЕЗАВИСНОСТ НА ЗАКОНОВНИОТ ДОМ

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ДИРЕКТОРКАТА БОШКОВСКА-ЈАНКОВСКИ ЗА СТРАТЕШКИТЕ И ТЕКОВНИ АКТИВНОСТИ НА ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР

ОБРАЌАЊЕ НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ МИСОВСКИ НА ГЕНЕРАЛНАТА КОМИСИЈА ЗА ПРАВДА, ВНАТРЕШНИ РАБОТИ И БЕЗБЕДНОСНА СОРАБОТКА НА ПС НА ПСЈИЕ НА ТЕМА: „БОРБА ПРОТИВ ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА“

Честит 9ти Мај! Ден на Европа. Ден на победата над фашизмот.

Пендаровски: На 5 мај да излеземе и со својот глас да ја запечатиме нашата европска иднина, одиме заедно напред!

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП