Пендаровски од Гевгелија: Да гласаме за сигурна иднина на младите, Заедно Напред, за европска и напредна Република Северна Македонија!

Заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски, на граѓанска трибина во Гевгелија повика на масовна излезност во недела, на 21 април и побара поддршка на концептот што го предводи за сигурна иднина и напредна Република Северна Македонија.

Пендаровски рече дека процесот на интеграции и членството во НАТО и ЕУ носат бројни економски и безбедносни придобивки за граѓаните, пред се за младите и затоа е многу важно напредокот да продолжи, да не се дозволи земјата да се врати назад.

„Само по добиената покана за НАТО, минатата година влегоа 625 милиони евра директни странски инвестиции. Толку странски инвестиции немало никогаш. Тоа е само затоа што Македонија е безбедна и стабилна  држава, а перспективите кон ЕУ и НАТО се отворени. Ако продолжиме со реформските процеси, огромни се шансите да добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ. Ова ќе донесе нови инвестиции, подобар живот кој ќе ги задржи младите во државата и ќе им отвори нови шанси. Тоа е тежок и долг, но е единствен вистински пат. Од 12 мај, моја единствена задача која вие сте ми ја дале, е да мислам и работам за подобар живот. Затоа сите заедно напред, а не назад“, повика Пендаровски.

Пендаровски посочи дека за времето на претходната власт на режимот на Груевски имало живот само за фамилијата. Тие, рече, работеа само за својот џеб, и според показателите на Светска банка за 10 години режим од земјава се изнесени 5 милијарди евра. Сега истите луѓе кои ја опљачкаа Македонија, од други земји и од Будимпешта сакаат да ни диктираат преку нивни послушници овде. Да не дозволиме да не вратат назад, рече Пендаровски.

Пендаровски ќе се залага  за правда, еднаков третман за сите, за економски рамномерен развој, нови можности, прогрес, нови работни места и напредок на младите.

Најново

МИЛКОВСКИ НА СРЕДБА СО ДИРЕКТОРОТ НА НДИ ВАШИНГТОН ДЕРЕК МИЧЕЛ ЗА ДЕСЕТГОДИШНИОТ ПРОЕКТ МЕЃУ СОБРАНИЕТО И НДИ ЗА НЕЗАВИСНОСТ НА ЗАКОНОВНИОТ ДОМ

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ДИРЕКТОРКАТА БОШКОВСКА-ЈАНКОВСКИ ЗА СТРАТЕШКИТЕ И ТЕКОВНИ АКТИВНОСТИ НА ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР

ОБРАЌАЊЕ НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ МИСОВСКИ НА ГЕНЕРАЛНАТА КОМИСИЈА ЗА ПРАВДА, ВНАТРЕШНИ РАБОТИ И БЕЗБЕДНОСНА СОРАБОТКА НА ПС НА ПСЈИЕ НА ТЕМА: „БОРБА ПРОТИВ ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА“

Честит 9ти Мај! Ден на Европа. Ден на победата над фашизмот.

НСДП ги повикува сите граѓани, независно од нивната политичка, етничка, верска, јазична или културна припадност, на 5 мај да излезат на гласање и да го поддржат Стево Пендаровски

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП