Пендаровски од Дојран и Богданци: Да излеземе масовно во недела и да избереме напредок, ова е вистинскиот пат за подобар живот и сигурна иднина за младите

Стево Пендаровски кандидатот за претседател поддржан од граѓаните и од 31 политичка партија, на средби со жителите на Дојран и Богданци, ги повике граѓаните во недела, на 21 април, со својот глас за бројот 3 да одлучат за сигурна иднина и да изберат напредок за европска држава.

Со гласот за Гордана Сиљановска може да се вратиме само назад, во времето Груевизмот и да се продолжат штетните политики на Иванов, додаде тој.

„Ајде да излеземе масовно на гласање во недела и да избереме напредок. Заедно да победиме, заедно да одиме напред. Да го исполниме заветот на борците, пред чиј споменик стоиме и кои ни дадоа аманет-Ние се втемеливме, вие градите. Во изминативе речиси две години сите сме сведоци на еден целосно нов пристап во односите со соседите, кој ги решава најтешките проблемите, и ги отвора портите на Северна Македонија кон напредок, сигурна иднина и светот.“, рече кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

Пендаровски побара максимална мобилизација на изборите , бидејќи станува збор за патот по кој треба да продолжи земјата, секој глас е важен.

 

Најново

МИЛКОВСКИ НА СРЕДБА СО ДИРЕКТОРОТ НА НДИ ВАШИНГТОН ДЕРЕК МИЧЕЛ ЗА ДЕСЕТГОДИШНИОТ ПРОЕКТ МЕЃУ СОБРАНИЕТО И НДИ ЗА НЕЗАВИСНОСТ НА ЗАКОНОВНИОТ ДОМ

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ДИРЕКТОРКАТА БОШКОВСКА-ЈАНКОВСКИ ЗА СТРАТЕШКИТЕ И ТЕКОВНИ АКТИВНОСТИ НА ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР

ОБРАЌАЊЕ НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ МИСОВСКИ НА ГЕНЕРАЛНАТА КОМИСИЈА ЗА ПРАВДА, ВНАТРЕШНИ РАБОТИ И БЕЗБЕДНОСНА СОРАБОТКА НА ПС НА ПСЈИЕ НА ТЕМА: „БОРБА ПРОТИВ ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА“

Честит 9ти Мај! Ден на Европа. Ден на победата над фашизмот.

НСДП ги повикува сите граѓани, независно од нивната политичка, етничка, верска, јазична или културна припадност, на 5 мај да излезат на гласање и да го поддржат Стево Пендаровски

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП