ЗАМЕНИКОТ ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА СОБРАНИЕТО МИЛКОВСКИ УЧЕСТВУВАШЕ НА XV КОНФЕРЕНЦИЈА НА КОСАП/COSAP ВО БЕЛГРАД

Делегација на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, во состав: Владанка Авировиќ и Емил Димитриев, како и Мики Милковски, заменик-генерален секретар на Собранието на Република Северна Македонија, на 14 и 15 април учествуваше на 15. состанок на Конференцијата на парламентарните комисии за европски прашања/интеграции на земјите учеснички на Процесот за стабилизација и придружување во Југоисточна Европа (КОСАП) во Белград, Република Србија.

На Конференцијата, која претставува парламентарен форум за соработка меѓу Комисиите за европски прашања на државите на парламентите опфатени во процесот за стабилизација и асоцијација од Југоисточна Европа, имаше богата расправа за интерпарламентарната и регионалната соработка, како и за соработката на парламентите со цивилното општество во процесот на европската интеграција. Во тој контекст, беше искажана поддршка за сите видови на регионална поврзаност и проактивна соработка со други регионални организации кои ги делат европските вредности. Притоа, беше истакната важноста и подготвеноста за соработка со цивилното општество, стручната јавност и другите заинтересирани чинители.

Повеќе за Конференцијата на сајот на Собранието на Република Северна Македонија:

https://www.sobranie.mk/2016-2020-srm-ns_article-zamenik-generalniot-sekretar-milkovski-na-sredba-so-svojot-srpski-kolega-marinkovikj.nspx

 

Најново

Мираковска: Стравот и паниката во ВМРО-ДПМНЕ кулминираат, Мицкоски не успеа да ги изврши наредбите на шефот од Будимпешта

МИСОВСКИ: СО НОСЕЊЕ НА СЕТОТ ЗАКОНИ ПРАТИВМЕ ПОРАКА – ИЗВАДЕТЕ ГИ ПРЕДМЕТИТЕ ОД ФИОКА, ПРЕЗЕМЕТЕ ОДГОВОРНОСТ И СУДИТЕ СОГЛАСНО ЗАКОНИТЕ

Мираковска од маршот „Чекориме за правда“: Како законодавна власт го поправивме системот, сега се судовите на ред да донесат правда

Министерката Апостолска: Домашните компании ја препознаа поддршката од Владата, засилено инвестираат и го модернизираат производството

Министерката Апостолска: Го стимулираме растот на платите во приватниот сектор, со цел зголемување на мотивацијата кај работната сила да остане во индустријата

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП