МИСОВСКИ УЧЕСТВУВАШЕ НА ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА СОРАБОТКАТА ПОМЕЃУ ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА И СОБРАНИЕТО НА РСМ

Потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г.Горан Мисовски, учествуваше на тркалезна маса за соработката помеѓу ДЗР и Собранието, а по повод 20 годишниот јубилеј на ДЗР

Во прилог обраќањето на г.Мисовски:

Почитуван заменик главен државен ревизор, почитувани ревизори, почитувани гости, дозволете ми од името на Собранието на Република Северна Македонија да Ви го честитам јубилејот 20 години од посоењето на ДЗР.

Особена чест и задоволство ми е да учествувам на тркалезната маса за соработката помеѓу Државниот завод за ревизија и Собранието на Република Северна Македонија. Како пратеник во Собранието  можам со задоволство да констатирам дека во изминатиот период со Државниот завод за ревизија во континуитет сме имале професионална и коректна соработка. Собранието и Државниот завод за ревизија во изминатиот период заедно сме соработувале на повеќе проекти кои што биле во функција на мегусебно подобро информирање, како и обезбедување на подршка од Собранието во исполнувањето на надлежностите на ДЗР.

Законот за ДЗР кој што го донесовме во 2010 година беше во функција на зајакнување на оперативната и финансиската независност на ДЗР и постигнување на поголема ефективност и ефикасност во извршувањто на државната ревизија. ДЗР доставува годишна програма за работа до Собранието, доставува годишен извештај и доставува конечни ревизорски извештаи. Тука морам да потенцирам дека, жалам што во 2010 година кога го донесовме законот за ДЗР, тогашното парламентарно мнозинство, со еден амандман го измени текстот на законот и ја ограничи можноста за поединечно разгледување на конечните ревизорски извештаи од поедини корисници на државните пари, на пленарни седници. Се надевам дека во периодот кој што следи ке ја отклониме оваа пречка.

Со задоволство можам да констатирам дека ДЗР е респектибилна институција со исклучителни професионалци едуцирани да се справат со секаков вид на злоупотреба на средства на граѓаните. Како независна институција и чувар на парите на граганите, а согласно законот, ДЗР го информира Собранието за случаите на противзаконско работење и можни случаи на корупција и неправилности во работењето на државните институции. Во рамките на меѓународната соработка ДЗР има остварено соработка и со многу други ревизорски институции од европските држави, како и со врвните ревизорски институции на Европската унија како што е европскиот суд на ревизори.

Република Северна Македонија ќе биде 30 членка на нато, а во јуни очекуваме дека ке ни биде потврден датумот за отпочнување на преговорите со ЕУ за полноправно членство во ЕУ. Меѓу другото, тоа ке значи и беспоштедна борба против корупцијата и злоупотребата на парите на граганите. ДЗР со сиот свој капацитет заедно со Антикорупциската комисија, Јавното обвинителство МВР и Финансиската полиција треба да бидете носители на битката против финансиските злоупотреби во институциите кои користат народни пари.

Бриселските стандарди не се само потреба за исполнување на опеделени одредници кои што ќе не приближат до ЕУ, туку тоа се пред се’ стандарди кои што се во интерес на секој граѓанин на РСМ за да живееме во демократска држава каде што ќе се почитуваат човековите права ќе се почитува правната држава и ќе се води грижа за транспарентно и отчетно трошење на буџетските пари.

20 години, некој ќе каже млаку се, некој ќе каже многу се но на крајот ќе дозволите да кажам дека сепак успесите кои што ги постигна во овие 20 години се сосема доволни за да кажеме дека ДЗР е институција со која што можеме како држава да се гордееме. Останува мојата залозжба која што многу пати јавно сум ја прокламирал дека е дојдено време кога ДЗР треба да стане и уставна категорија.

На крајот уште еднаш дозволете да Ви ја честитам 20 годишнината и на сите врвни професионалци кои што се вработени во ДЗР да им посакам здравје и успех во понатамошната работа.

Најново

НСДП: ГЛАСОТ ЗА ПЕНДАРОВСКИ ЌЕ ДЕМОНСТРИРА ПОЛИТИЧКА СОЗРЕАНОСТ

ПЕНДАРОВСКИ: Убеден сум дека на 21 април ќе направите правилен избор и ќе гласате за број 3 да продолжиме напред

Пендаровски од Гевгелија: Да гласаме за сигурна иднина на младите, Заедно Напред, за европска и напредна Република Северна Македонија!

Пендаровски од Дојран и Богданци: Да излеземе масовно во недела и да избереме напредок, ова е вистинскиот пат за подобар живот и сигурна иднина за младите

Пендаровски од Валандово: Во недела гласаме за развој, интеграција и напредок, продолжуваме Заедно напред

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП