Мисовски и Милковски на собраниската прослава на „8ми Март“

Денеска, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери во придружба на двајцата потпретседатели Мисовски и Ременска и двајцата заменици генерални секретари, г-ѓа Кацарска и г. Милковски, ги поканија на свечен коктел на којшто им подарија по една ружа на припадничките од женскиот пол а кои се пратенички и дел од Службата на Собранието, по повод Меѓународниот ден на жената, 8-март.

На приемот, претседателот Џафери, покрај честитките, се обрати и со зборовите „Ви посакувам благосостојба и мир во вашите домови затоа што само така ќе можете да го дадете вашиот максимален придонес и во вашиот професионален ангажман во Собранието“, свесен за исклучителниот напор кој што го вложуваат жените ширум светот во постигнување на вистинскиот баланс помеѓу улогата на мајка, ќерка, снаа, сопруга и професионалец во работата.

На приемот се обратија и потпретседателката Ременска и потпретседателот Мисовски со свои силни пораки за овој значаен празник.

Извор: www.sobranie.mk

Најново

АДСДП доби 2 награди за развој на претприемништво во Централна и Југоисточна Европа

Министерката Апостолска се сретна со романскиот амбасадор Станила

Министерката Апостолска на „Средба за вмрежување помеѓу мултинационални и домашни компании“

Учество на министерката Апостолска на „Македонско-италијански бизнис форум 2019“

ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ НЕ СЕ ПОТРЕБНИ. ВЛАДЕЈАЧКАТА КОАЛИЦИЈА ТРЕБА ДА ИЗЛЕЗЕ СО ЕДИНСТВЕН КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРЖАВАТА

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП