Учество на министерката Апостолска на „Македонско-италијански бизнис форум 2019“

Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска денес учествуваше на „Македонско-италијански бизнис форум 2019“, кој се одржа во просториите на Сојузот на стопански комори на Македонија.

Во своето обраќање министерката Апостолска нагласи дека Италија е значаен трговски партнер на Република Северна Македонија и перманентно се наоѓа на листата од првите десет земји со кои нашата држава има најголем обем на трговска размена и деловна соработка.

„За сите странски инвеститори и бизнисот воопшто, важна е политичката безбедност и сигурност на земјата, бидејќи тоа силно влијае врз зголемување на економските активности, на прилив на нови инвестици, намалување на невработеноста и зголемување на БДП, што конечно ќе резултира во подигнување на животниот стандард на граѓаните. Со пристапувањето во НАТО и отпочнувањето на преговори со ЕУ, Република Северна Македонија ги реализира своите стратешки приоритети и стекнува политичка безбедност и сигурност, што претставува мотивирачки предуслов за сериозен прилив на нови странски инвестиции“,рече Апостолска.

Претставувајќи ги мерките за финансиска поддршка што ги нуди државата на инвеститорите согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите, министерката Апостолска истакна дека таа се обезбедува преку транспарентни постапки.

„Минатата година околу 250 компании беа поддржани од буџетот преку Планот за економски раст. Овој инвестициски бран на стопанството очекуваме да продолжи и оваа година, која Владата на Република Северна Македонија ја прогласи за година на економијата. За нашата одлучност за отворање на спиралата на позитивниот економски раст и развој зборува и фактот дека во буџетот за оваа година обезбедивме за околу 37% повисоки финансиски средства за поддршка на бизнисот, односно за годинава се издвоени 4,1 милијарда денари за поддршка на инвестиците“, рече Апостолска.

На Форумот свое обраќање имаа и Данела Арсовска, претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија и Енрико Петрела, претседател на Италијанско-македонска стопанска комора. На Форумот земаа учество стопанственици од Италија од повеќе сектори: земјоделство, храна и производство на вино, градежништво, трговија, медицински услуги, туризам и обновливи извори на енергија.

Најново

АДСДП доби 2 награди за развој на претприемништво во Централна и Југоисточна Европа

Мисовски и Милковски на собраниската прослава на „8ми Март“

Министерката Апостолска се сретна со романскиот амбасадор Станила

Министерката Апостолска на „Средба за вмрежување помеѓу мултинационални и домашни компании“

ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ НЕ СЕ ПОТРЕБНИ. ВЛАДЕЈАЧКАТА КОАЛИЦИЈА ТРЕБА ДА ИЗЛЕЗЕ СО ЕДИНСТВЕН КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРЖАВАТА

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП