ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА „16 ДЕНА ЖЕНСКИ АКТИВИЗАМ“

3 декември, 2018

Во организација на претседателките на организациите на жени на Нова социјалдемократска партија (НСДП) и Либерална партија (ЛП), Марија Тодороска и Јасмина Димовска се одржа панел дискусија по повод „16 дена женски активизам” која се одржа на 1 декември 2018 (сабота), со почеток во 17:00, во просториите на централата на НСДП и на 2 декември 2018 (недела), со почеток во 12:00, во Кружната сала во зградата на Комитетите во Куманово.

Скопје3

На панел дискусијата учесниците дискутираа на следните теми:

1.Ратификација/имплементација на Истанбулската конвенција;

2.Видови и форми на институционална нееднаквост помеѓу жените и мажите;

3.Еднакво позиционирање на жените и мажите во политиката;

4.Економска стабилност на жените изразена преку зголемување на бројот на жени претприемачи во Република Македонија.

На панел дискусијата „16 дена женски активизам” во Скопје беа поканети претставници од сите политички партии, а учествуваа и дадоа свој придонес: министерката Зорица Апостолска, Ива Трајковска од N.O Finance Think, Александра Цветковска од NDI, Илинка Кољозова, потпретседателка на организацијата на жени на НСДП и Маја Насковска претседателка на жени на НСДП-Куманово.

Од двете панел дискусии произлегоа следните заклучоци:

-подобрување на економска стабилност на жените, преку соодветна имплементација на законите и Уставот;

-Зајакната соработката со владини институции и меѓународни организации за имплементација на Истамбулската конвенција;

-Работа со жените: едукации, доедукации, преквалификации, охрабрување, враќање на самодовербата, соработка помеѓу жените (консензус по женските прашања).

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство