Министерката Апостолска на работна средба со Стопанската комора на северо-западна Македонија

Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, заедно со претставник на Фондот за иновации и технолошки развој, денес на  Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово реализираше работна средба со Стопанската комора на северо-западна Македонија, на која беа претставени владините мерки за поддршка на инвестициите од трите столба на владиниот План за економски раст и актуелните повици за финансиска поддршка на новоосновани старт-ап и спин-оф компании.

foto2

Осврнувајќи се на владиние економски политики за поддршка на инвестициите, министерката Апостолска истакна дека една од целите е домашните компании да се стимулираат и финансиски поддржат во проширувањето на нивните бизниси, во отворањето на нови инвестициски циклуси, како и во градењето на деловни релации со успешни странски компании.

„Конкретизацијата на нашите намери во делот на стимулирање на нови инвестиции, се случи со потпишувањето на Договори за државна помош со 100 компании, домашни и странски, кои за реализираните инвестиции во 2017 година ќе добијат финансиска поддршка согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите“, рече министерката Апостолска и притоа пред претставниците на комората порача дека владините мерки за поддршка на инвестициите се дел од долгорочните економски политики кои ќе продолжат да се спроведуваат и понатаму.

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, академик проф. д-р Абдулменаф Беџети, во своето обраќање истакна дека средбите помеѓу владини претставници и бизнис заедницата се одлична можност да се добие повратен одговор од компаниите за владините политики кои се креирани за поддршка на реалниот економски сектор. Притоа од негова страна беше истакнато и значењето кое го имаат вискообразовните институции за развојот на бизнис заедницата во секоја земја која сака да фати чекор со современите техничко-технолошки трендови во економијата.

Од страна на претседателот на Стопанската комора на северо-западна Македонија, Неби Хоџа беше истаканата важноста од одржувањето на редовни и непосредни контакти помеѓу приватниот сектор и Владата, затоа што, според него, тоа е еден од начините на креирање на економски политики кои ќе бидат сообразени на потребите на бизнис заедницата.

Бисера Јордановска од Фондот за инвоации и технолошки развој ги информираше претставниците на компаниите за инструментите од т.н. трет столб од владниот План за економски раст, како и за актуелните повици за финансиска поддршка на новоосновани старт-ап и спин-оф компании.

Најново

Министерката Апостолска во посета на „Амфенол“ – Нови инвестиции и работни места во компанијата, Законот за финансиска поддршка на инвестициите дава резултати

НСДП го усвои Извештајот за претседателските избори, донесе одлука за внатрепартиски избори и изгради став за промена на изборниот модел за избор на пратеници

Министерката Апостолска се сретна со полскиот амбасадор Тицињски

Министерката Апостолска ја посети американската компанија „Теламон“

Министерката Апостолска пред словачки бизнисмени ги претстави поволностите за инвестирање во земјава

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП