• pelince cover
  • prvomajski mars
  • tito-slider
  • mk eu
  • slide1

Авторитети и толеранција

Сѐ што создава општ консензус, компромис меѓу луѓето, сѐ што ги отстранува или ги отежнува судирите во било која форма, придонесува за развивање на процесот на интеграција

ЛИНК: https://civilmedia.mk/avtoriteti-i-tolerantsija/

v.trajkovski-300x281

 

Владимир Трајковски

Не може да се оспорува вредноста на интегрирањето на целокупната научна, културна, идејна, морална, духовна и афективна страна и сфера на македонското општество. Културата секогаш играла голема улога во општественото интегрирање и дезинтегрирање. Притоа, условите на интегрирање и толеранција и взаемно почитување на достоинството на човекот се совладувањето на догматизмот и илузионизмот, надежта која се усвојува и која ја конкретизира човековата потреба и општествена вредност и посветеност, топлината, симпатијата, праксата на вистински, а не апстрактен хуманизам, создавањето и признавањето од секој човек – дека е човек како и секој друг, дека може да е јак, но може и да е слаб и да згреши…

Сите овие односи и принципи, кои се всушност, израз на човекот кон општеството и однос кон самите себе, се вршители на вистинските човечки врски без кои нема ниту општествена, ниту политичка интеграција во современите општества и земји.

Меѓу посебните изрази на општествено-моралната интеграција се компромисот и верноста кон заедницата во која човекот се родил, живее, работи и која го задоволува. Тоа чувство е делумниот патриотизам кој кај секој од нас и тоа како постои. И, се разбира, тој е нужен во секое современо општество, а особено во мултиетничко општество како нашето, кое е создадено, како средина на заеднички живот и на создавање комплетно еднакви услови на битисување за секого.

Само таков патриотизам може да биде елемент на интернационализам и пат за приближување на сите народи. Таквиот патриотизам е услов за ослободување на нашето општество од шовинизам, и атавистички (буржоаски) национализам, како и бирократски центризам.

И секако да дообјаснам, сѐ што создава општ консензус, компромис меѓу луѓето, сѐ што отстранува или ги отежнува судирите во било која форма, придонесува за развивање на процесот на интеграција. Во Македонија има два вида на политика од кои не може да се ослободи современото македонското општество: постоењето на општ интерес и нужноста на општествените авторитети.

Се надевам дека ќе го избереме правилното решение.

*Колумните објавени на сајтот на НСДП не секогаш ги одразуваат ставовите на партијата, туку личните погледи и ставови на колумнистите членови на НСДП

Најново

nsdpnewyear2019

НСДП СО НОВОГОДИШНА ЧЕСТИТКА ДО ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

NSDP 1

НСДП ПРОСЛАВИ 13 ГОДИНИ ОД ОСНОВАЊЕТО

goran-misovski-sobranie

Мисовски до ВМРО-ДПМНЕ: Груевски ги украде парите и избега во Унгарија, а вие лајкови му ставате

Скопје3

ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА „16 ДЕНА ЖЕНСКИ АКТИВИЗАМ“

nsdp-logo1

Организацијата на жени на НСДП-Куманово организира трибина за женски активизам

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП