• pelince cover
  • prvomajski mars
  • tito-slider
  • mk eu
  • slide1

Министерката Апостолска се сретна со црногорскиот амбасадор Предраг Митровиќ

Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска денес оствари работна средба со амбасадорот на Република Црна Гора во Република Македонија, Предраг Митровиќ.

foto

На средбата стана збор за актуелните економски состојби во двете земји, економско-трговските релации, како и за можностите за нивно понатамошно унапредување.

Од страна на амбасадорот Митровиќ беше изразен интерес за владините економски политики за поддршка на инвестициите и можностите што се нудат за отпочнување на бизнис во Република Македонија, за што министерката Апостолска го информираше за конкретните форми на финансиска поддршка кои може да ги очекуваат компаниите согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите. Притоа беше нагласено дека странските компании за своите инвестициски проекти може да остварат пристап до финансиската поддршка на транспарентен и недискриминирачки начин, со јасно дефинирани критериуми и услови.

Заеднички беше констатирано дека зајакнувањето на регионалната соработка во областа на инфраструктурата и економскиот развој, преку регионалните евроинтегративни иницијативи, како што е Берлинскиот процес, отвора простор за бизнис заедниците во Македонија и Црна Гора да препознаат импулс за градење деловни релации преку реализација на нови инвестиции.

Од соговорниците заеднички беше оценето дека постои голем простор позитивните политички трендови помеѓу Македонија и Црна Гора да се искористат за унапредување и на економската соработка.

Најново

mirakovska

Се проширува опфатот на отпис на камати на долгови, се намалуваат и трошоците на постапката

misovski-sobranie

Упатувам апел до пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ја почитуваат волјата на граѓаните и заеднички да обезбедиме европска иднина за сите

nsdp-logo1

Да се напуштат теснопартиските, а да се поддржат државните интереси

nsdp-logo1

Пружена ни е историска можност преку членство во НАТО и ЕУ државниот интегритет да го поставиме на цврти темели

vinica2

Мисовски: Сите атрибути на македонскиот идентитет се забетонирани

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП