Упатувам апел до пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ја почитуваат волјата на граѓаните и заеднички да обезбедиме европска иднина за сите

12 октомври, 2018

Прес-конференција на потпретседателот на НСДП и потпретседател на Собранието на Република Македонија, Горан Мисовски:

misovski-sobranie

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Како пратеници исправени сме пред сериозна одлука, која што ја дефинира иднината на нашата држава, иднината на граѓаните,  на идните генерации.

Имаме историска, генерациска обврска да го следиме гласот и желбата на огромното мнозинство граѓани и да ги релизираме врвните стратешки интереси на Македонија за членство во ЕУ и НАТО.

Владиниот Предлог за пристапување кон уставни измени, како чекор од Преспанскиот Договор, е јавно достапен пред граѓаните, пред пратениците, пред јавноста.

Се потврди дека со уставните измени не се губи ништо. Напротив, се обезбедува иднина во ЕУ и НАТО со зајакнат македонски идентитет кој конечно станува признаен од целиот свет.

Нашата одлука да гласаме за уставните измени го потврдува и зацврстува историскиот континуитет на македонската државност.

Се обезбедува поцврста гаранција на границите и територијалниот интегритет.

Се обезбедува грижа за Македонците и иселениците од Македонија во странство, согласно меѓународните стандарди, без мешање во внатрешните работи на која било друга држава.

Почитувани пратеници од ВМРО-ДПМНЕ,

Преку парламентарната дипломатија зеднички ги браневме интересите на Република Македонија. Бевме единствени и во Вашингтон, и во Брисел, и во Париз, и во Лондон и секаде го промовиравме ставот дека Република Македонија заслужува и треба да биде членка на НАТО и на ЕУ.

За многу прашања сме имале различни ставови, жестоко сме се расправале, но за евроатлнаскиот пат на Македонија секогаш сме имале единствен став. Заеднички ги пребродивме и најтешките моменти во Собранието, а ги имаше многу.

Токму од тие причини ги повикувам сите пратеници во Собранието на Република Македонија да преземат одговорност за иднината на нашата држава и да ги поддржат уставните измени.

Упатувам апел до пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ја почитуваат волјата на граѓаните и заеднички да обезбедиме европска иднина за сите.

Огромното мнозинство граѓани одлучи дека иднината на Македонија е во ЕУ и НАТО.

Наша обврска и должност е овде во Собранието да ја реализираме волјата на граѓаните кои се изјаснија дека сакаат просперитетна и сигурна иднина во НАТО и ЕУ.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство