• pelince cover
  • prvomajski mars
  • tito-slider
  • mk eu
  • slide1

Пружена ни е историска можност преку членство во НАТО и ЕУ државниот интегритет да го поставиме на цврти темели

Соопштение за медиумите и јавноста:

nsdp-logo1

За првпат во историјата на Македонија, меѓународната заедница има позитивен однос кон земјава. Од 1913 година со Букурешкиот мировен договор, па преку АСНОМ од 1944 година, па се до турбулентните години од последната деценија на 20-иот и почетокот на 21 век, историските раскрници на кои македонскиот народ се обидуваше својот стремеж за државност да го заживее во реалноста, меѓународната заедница не ретко индеферентно ги посматраше овие политички премрежја низ кои поминувавме. Меѓународните центри на моќ, во сите клучни моменти на регионални геополитички поместувања и редефинирања на Блаканскиот полуостров, ја остава Македонија со своите кревки сили да ги пребродува сите безбедносни, политички и економски турбуленци. Но овој однос меѓународната заедница реши да го остави позади себе, во историјата, да отвори ново поглавје кон нас, да ни подаде рака на пријателство и сојузништво. Со постигнувањето на Договорот со Грција, за првпат Македонија може да смета на нејзина искрена позитивна наклонетост.

НСДП смета дека ни е пружена историска можност преку членство во НАТО и ЕУ државниот интегритет да го поставиме на цврти темели, државотворниот стремеж на македонскиот народ низ вековите да се верификува, меѓународно признае и потврди. За првпат како држава добиваме сатисфакција за нашиот конструктивен однос кон нашите соседи.

НСДП е на ставот дека ако на овој повик на меѓународната заедница не одговориме позитивно во недела и со тоа иднината на државата не ја поставиме на здрави политички и економски темели, тогаш сосема легитимно е нашите пријатели од Западот да не може да не разберат кон што сакаме да се движиме, што сакаме со себеси да направиме. Неуспехот на референдумот само ќе значи остуство на визија, негирање на постоењето на идејата кај македонскиот народ за државност и турнување на граѓаните во една неизвесна иднина. Тврдењата дека неуспехот на референдумот нема да доведe до драматични внатрешнополитичи процеси, се засноваат на политички фикции и имагинации. Македонија е мултиетничко општество, колоритно во културна, етничка и јазична смила. Опстанокот на државата која се темели на множество заедници не може својата иднина да ја гради без уважување на нивните интереси. Сограѓаните на македонскиот народ, припадниците на другите етнички заедници, јасно и недвосмислено ги афирмираат своите желби и интереси да бидат дел од демократскиот свет, од НАТО и ЕУ. Доколку политичките структури на државата не ги артикулираат овие сигнали на етничките заедници, тогаш над нас ќе се надвисни опасност реализацијата на евро-атланските аспирации да бараат да ги афиримираат и заштита на поинакви политички начини, што може да подразбира и загрозување на интегритетот и суверенитетот на државата. Во случај на неуспех на референдумот, никој не може да определи во кој правец ќе се развиваат внатреполитичките односи помеѓу етничките заедници.

НСДП е уверена дека граѓаните на Република Македонија, како што на 8 септември во 1991 година го препознаа историскиот момент,така и на 30 септември, во недела, ќе го направат истото.  И пред 27 години, како и денес, постоеа ретроградни и мрачни политички сили и кругови кои се бореа за статус кво, за влегување во конфликт,  но граѓаните излегоа, гласаа и одлучија за иднината на Македонија. Исправени пред уште една историска одлука во недела граѓаните ќе излезат и ќе изберат својата иднина да ја градат како дел од семејствата на НАТО и ЕУ нациите.

Најново

goran-misovski-sobranie

Мисовски до ВМРО-ДПМНЕ: Груевски ги украде парите и избега во Унгарија, а вие лајкови му ставате

Скопје3

ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА „16 ДЕНА ЖЕНСКИ АКТИВИЗАМ“

nsdp-logo1

Организацијата на жени на НСДП-Куманово организира трибина за женски активизам

marija 2

МАРИЈА ТОДОРОВСКА УЧЕСТВУВАШЕ НА ЈАВНА РАСПРАВА ПО ПОВОД 25 НОЕМВРИ – СВЕТСКИОТ ДЕН ПРОТИВ НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ

15866_slide

Министерката Апостолска: Владата и следната година продолжува со конкретна поддршка за стопанството

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП