• pelince cover
  • prvomajski mars
  • tito-slider
  • mk eu
  • slide1

Мисовски: Сите атрибути на македонскиот идентитет се забетонирани

Потпретседателот на НСДП и на Собранието на Република Македонија Горан Мисовски вчера во Виница оддржа средба со локалното раководство на партијата.

Vinica1

Осврнувајќи се на негативните демографски трендови на иселување на граѓаните од источна Македонија, Мисовски пред членовите на  НСДП потенцираше дека најдобриот одговор кој како држава можеме да го дадеме е да станеме полноправни членки на ЕУ и НАТО.

„Овде во Виница најдобро знаете што значи иселувањето, празнењето на градот. Економска безперспективност, неможноста да се најдат добро платени работни места, ги принуди голем дел од вашите сограѓани својата егзистенција и иднината на своите деца да ја бараат по плантажите за јаболка во Италија. Единствен начин да ги стопираме овие негативни демографски трендови со кои се соочува цела Македонија е како држава да се интегрираме во ЕУ и граѓаните да ги почуствуваат економските бенефиции на тоа да се биде дел од најголемата светска економија, кој учествува со 23,8% во светскиот БДП. Затоа во недела имаме обврска да излеземе и да заокружиме „за“, само на тој начин на идните генерации може да им обезбедиме подобар живот, и тоа во безбедна и стабилна држава“, рече Мисовски.

Според него бојкотирањето на референдумот е политички чин кој е во функција на заштита на криминалот и корупцијата.

„Повиците за бојкот на референдумот доаѓаат од политички кругови кои повеќе од 10 години Македонија ја држеа во заложништво на криминал и корупција. Тоа се гласови на политичари кои соочени со одговорноста за своето владеење на бојкотот гледаат како единствена можност за калкулации за нивна амнестија. Но тоа не поминува“, порача Мисвовски пред членовите на НСДП.

Мисовски истакна дека референдумот е најдобра и фер шанса за граѓаните на Македонија.

„Македонскиот идентитет е заштитен, Договорот со Грција гo гарантира правото да се определуваме како македонци, македонскиот јазик е заштитен, државјанството е македонско. Сите атрибути на нашиот идентитет се забетонирани. Затоа во недела да излеземе и со нашиот глас да придонесеме кон заедничка и подобра иднина“, порача Мисовски.

vinica2 vinica3

Најново

goran-misovski-sobranie

Мисовски до ВМРО-ДПМНЕ: Груевски ги украде парите и избега во Унгарија, а вие лајкови му ставате

Скопје3

ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА „16 ДЕНА ЖЕНСКИ АКТИВИЗАМ“

nsdp-logo1

Организацијата на жени на НСДП-Куманово организира трибина за женски активизам

marija 2

МАРИЈА ТОДОРОВСКА УЧЕСТВУВАШЕ НА ЈАВНА РАСПРАВА ПО ПОВОД 25 НОЕМВРИ – СВЕТСКИОТ ДЕН ПРОТИВ НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ

15866_slide

Министерката Апостолска: Владата и следната година продолжува со конкретна поддршка за стопанството

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП