На 30 септември Европа да стане наш дом

20 септември, 2018

Претседателот на НСДП, Тито Петковски и потпретседателката на партијата  и министерка задолжен за странски инвестиции во Владата на Република македонија, Зорица Апостолска вчера во Охрид остварија средба со раководствата на општинските организации на партијата од петата изборна единица.

ohrid1

„На 30 септември имаме граѓанска одговорност да донесеме правилна одлука, да излеземе и со нашиот глас да придонесеме кон заедничка, подобра иднина, да обезбедиме цврсти гаранции за безбедна иднина на нашите деца“ рече Петковски притоа потенцирајќи дека едниствениот начин да се стопираат негативните демографски трендови со иселувањето на младите е стекнувањето на полноправно членство во НАТО и ЕУ.

„Како политичка партија на граѓаните секојдневно им ја приближуваме и објаснуваме важноста на политичкиот моменет во кој се наоѓаме како држава со решението на спорот за името. Пораката која ја испраќаме и ќе ја продолжиме да ја испраќаме е дека македонско-грчкиот договор е влог во нашата иднина, со него младите повеќе нема да мора да ја барааат Европа надвор од нашите граници, Европа ќе стане наш дом, а европските стандарди наше секојдневие“ рече Петковски.

ohrid2

Осврнувајќи се на придобивките од евро-атланските интеграции на земјава, потпреседателката на партијата Зорица Апостолска истакна дека со членството во НАТО и ЕУ ќе овозможи нови инвестиции кои ќе отворат нови работни места, повисок БДП и повисок животен стандард.

„За придобивките од членството во ЕУ и НАТО најдобро зборувааат економските показатели од земјите во регионот. Во Бугарија просечната плата порасна дупло по влезот во ЕУ и НАТО, а невработеноста се намали од 17% на 5%. Во Романија просечната плата порасна за 400%, а невработеноста се намали од 15% на 4%. Во Хрватска вработеноста кај младите се зголеми од 26% на 43%. Овие економски показатели јасно ги оцртуваат перспективите кои се отвроаат за младите во Македонија и не може да се најдат подобри причини од овие за тие да останат овде“, рече Апостолска.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство